Роди ме мајко макијавелист и фрли ме на фотеља

Ако е некаква утеха, германска студија покажува дека психопатите ретко кога успеваат во кариера. Тоа што не е утеха е што нарцисите и "целта ги оправдува средствата" типовите, не потпаѓаат под психопати.

Заклучокот на студијата на Универзитетот од Берн е дека барем по некои негативни карактерни особини се поврзани со успех во кариерата.

Психолозите се фокусираат на анализа на "црната тријада,": пресамоуверен нарцис кој и покрај ова има потреба од постојано одобрување, макијавелист кој ги манипулира останатите, и психопат, кој се карактеризира со недостаток на контрола на импулсивност и анти-социјано однесување.

Тие ги анализираат податоците од 793 германски вработени, сите на почетокот од нивната кариера. Излегува дека нарцисите заработуваат малку повеќе од луѓето со поприбрано его, а макијавелистичките ликови многу почесто се наоѓаат на раководните функции отколку помалку манипулативните луѓе.

Утехата е што психопатите ем заработувале помалку од луѓето со попријатен карактер, ем ретко завршуваат на извршни позиции.

11 ноември 2015 - 13:41