Без дополнителни детали само се знае дека Стујарт ќе работи на кратки дигитални содржини кои треба да се појават на Go и Now платфромите на ХБО.
"Возбуден сум што ќе можам да работам со целото ХБО семејство. Појавувањето на телевизија секоја вечер по 22 минути очигледно ме скрши. Прилично сум сигурен дека од време на време можам да продуцирам неколку минути содржини," изјавил Стујарт во пишано соопштение.
Според соопштението, задачата на Стујарт ќе биде "да ги гледа актуелните настани низ неговата уникатна призма," што многу веројатно ќе значи продолжување на она што до сега го гледавме во Дејли Шоу, ама во малку поинаква форма и со помош на ХБО.
Се уште нема објавено временска рамка, кога би започнал Стујарт со работа и динамиката со која тој би работел.
Откако му го предаде Дејли Шоу на Тревор Ноа, Стујарт е прилично тивок и скромен околу појавување во јавност (освен учеството во кечери).