Додека компаниите кои произведуваат пелени, млеко за доење и останати аксесорис за бебиња, гледаат како укинувањето на забраната предизвика континуиран раст на нивните акции, овие другите, што произведуваат опрема против имање бебиња, почнаа да крахираат на берза.
Во рок од неколку дена, кинеската одлука предизвика:
- Скок на вредноста на валутата на Нов Зеланд, кој е еден од најголемите извозници на млеко.
- Акциите на Чајна Чајлд Кеар (производи за коса и кожа за бебиња) имаа скок од 40% на берзата во Хонгконг.
- На производителите на вештачка храна за деца, Беингмејт бејби енд чајлд фуд, акциите им пораснаа за 10%.
- Три јапонски производители на шишиња за бебиња имаа скок на вредноста на акциите.
Наспроти сите овие, еден од трагичарите е јапонскиот производител на кондоми Окамото Индустрис, чии акции на берзата во Токио во рок од еден ден паднаа за 10%.
Процената на Кредит Свис е дека опуштената контрола ќе резултира со дополнителни 3 до 6 милиони новороденчиња во рок од 5 години, почнувајќи од 2017-та. До сега, кинескиот просек е околу 16,5 милиони новороденчиња годишно.
Извештајот проценува дека моментално годишниот трошок за растење дете во Кина изнесува 5.750 евра, што значи дека дополнителните новороденчиња ќе донесат од 17 до 34 милијарди евра потрошувачка годишно, или 4-6% од вкупната кинеска продажба.