Никој нормален не може да го негира срањето кое човекот ѝ го прави на оваа планета, уздуж и попреку. Па сепак, има тука и нешто медиумски индуциран страв. Затоа потсетуваме на периодот кога за малку ќе се простувавме од блиските заради озонската дупка. За 25 години подоцна да ни кажат дека крпењето на таа дупка можеби направило и нешто лошо.