„Брит Марлинг е супер талентирана актерка и пишувач. Господинот Вајнсtин има понакво сеќавање на настаните“.
Вака гласеше одговорот на портпаролот на осрамотениот продуцент на најновата пријава за сексуално вознемирување. Исто како и претходната, на Лупита Нјонг'о, која во Њујорк Тајмс пишуваше како јавниот скандал ѝ помогнал да собере храброст и конечно да проговори за траумите со предаторот.
„Господинот Вајнстин има поинакво сеќавање на настаните, но верува дека Лупита е брилијантна актерка и значаен фактор во филмската индустрија“, срочи ПР тимот на Вајнстин.
Незгодно по Лупита е што ПР тимот на Вајнстин ве нејзиниот случај извади и податок дека девојката која се жали на долгогодишни трауми од Вајнстин, лани ничим изазвана му испратила лична покана со молба да ја гледа нејзината претстава на Бродвеј.
Инаку, „Јас поинаку памтам“ е верзија на легендарното „Не се сеќавам“ на Бил Клинтон која ја оцртува стратегијата на правниот тим на продуцентот во евентуални судски завршници во кои обвинувањата ќе ги релативизираат со позицијата „ти така памтиш - јас вака памтам“.
Нема никаков сомнеж околу сексуално офанзивниот карактер на Вајнстин. Па сепак, после сите сведоштва, никој не докажа дека тој ја користел својата моќ да ги уништува кариерите на оние кои го одбиле, ниту пак дека некогаш употребил сила за да добие сексуални услуги. Ако не го рачунате она неверојатно тврдење на девојката на Бордеин дека тој "со сила орално ја задоволил", a таа „се преправала дека ужива“ за по некое време да имаат „консензуална сексуална врска“.