Француските супермаркети се соочуваат со видлив недостатокот на путер и во добар дел од нив може да се наиде на натпис дека путер нема и не се знае кога ќе има.
Особено се погодени Бретања и Нормандија. Причина за дефицитот е намаленото производство на млеко во цела Европа но и драстично зголемениот интерес за путерот во Кина и Блискиот исток. Особено Кина.
Само оваа година путерот во Франција поскапел за 60% и во август се продавал за 6,7 евра кило.
За Французите чија кујна е незамислива без обилни количества путер ова е толку сериозен проблем што Фигаро издаде „прирачник за преживување“ со совети како да се готви без оваа драгоцена состојка.
„Ланскиот април плаќавме 2.500 евра за тон. Сега цената е 5.300 евра. Во најдобар случај, потрошувачите ќе платат повеќе. Во најлош, ќе останеме без путер“, најави првиот човек на француската пекарска комора.
****
Веројатно најдобри реклами за путер прават Данците Лурпак. Кај нив дури и зеленчукот изгледа привлечно.
******
Во некои понeсреќни земји, путерот се злоупотребува вака.