Живот и забава

Фид, Базфид. Њуз, Фејк Њуз

Во четвртокот Базфид ја објави информацијата што сите ја чекаат повеќе од две години: дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, признал пред американските власти дека добил инструкции од Трамп да лаже на сослушувањето пред Конгресот околу наводната соработка на Трамп со Русите. Еден ден подоцна ова беше демантирано лично од човекот кој раководи со истрагата против Трамп.

Од 10-те најголеми опасности за здравјето на човештвото, Македонија има 8

Ја видовме Топ 10 листата на Светската здравствена организација за здравствените опасности во 2019-та година и да знаете дека во Македонија речиси сè си имаме. Уште ебола и денга да нè спопаднат па да можеме со право да кажеме дека сме „светот во мало“.

Пијте Арабика и Робуста, оти ќе ги нема

Дури 60% од познатите сорти кафе се во опасност поради климатските промени и другите бељи кои ја задесуваат оваа планета. Меѓу нив и оние најпопуларните.

Црно тиквешко, ама бело марсовско

Кога човештвово еднаш ќе се распакува на Марс (како старите Словени кога од зад Карпатите стигнале некаде кај Пехчево, кога некој маж ѝ рекол на жена му: „А? Ти реков дека ќе те носам на јако место?“), многу веројатно е дека некој после напорниот пат ќе посака да го залие успехот со чаша вино. Грузијците веќе работат на тоа на црвената планета тогаш да има доволно грозје.

Диета со која ќе ја спасите планетава

Откако со децении килаво проаѓаат сите диети зад кои мотивацијата за слабеење е лична, научниците развиле диета која ветува дека оваа планета ќе може да прехрани 10 милијарди луѓе. Со други зборови, кога ќе сакате да загризете во оној ваш омилен колач, сочно парче месо, пастрмалија или што и да е што вам ви прави лиги, треба да си кажете: „Ама така ќе нема за сите!“. Наука ако не те насмее, кој?

Хуавеи ја копира Европа, зграда по зграда

Кинезите веќе долги години имаат пракса да одберат европски град што ги бендисува на око, и да направат негова идентична функционална копија во Кина. Хуавеи целата работа ја крева на повисоко ниво, па новиот кампус во Кина го прави исклучиво со клонови на населби од европски градови.

Си умре млад и зелен

Откако се обистинил стихот од македонската песна „Зајди, зајди, јасно сонце“, на првиот зелен лист насаден на Месечината му станал јасен еден друг стих, од Забрањено пушење: „Овде ноќта паѓа грубо“. 

За инает на Северна, север се помести

Северното магнетно поле на нашата планета неочекувано забрзало и почнало да шиба од канадскиот Арктик накај Сибир. Промената е таква што актуелниот модел на магнетното поле на Земјата веќе не важи па мора да се прави нов.

Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз.

ДНК нобеловецот остана без еполети заради расите

Нобеловецот кој ја откри тајната на ДНК остана без сите свои титули, звања и почести поради неговите заклучоци дека расите се разликуваат по својата интелигенција. „Кој работел со црнци, знае,“ го шокираше светот своевремено Џејмс Вотсон. Кај вакви случаи никогаш не ти е докрај јасно дали научникот просто швркнал на стари години или пак можеби само открил една тајна премногу.

Сиромаштијо, и на ракот си му лесна

Сè помалку Американци умираат од рак, ама затоа, бројот на сиромашни се зголемува во однос на бројот на богатите. А од рак најмногу умира сиромаштијата.

Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години.

Американски државни службеници бараат донации

„Јас сум Томислав Тунтев, државен службеник, ве молам дајте некој денар за да се избутка месецов“. Вакви и слични апели ќе читавме да беа вработени во американската федерална влада која по наредба на Трамп од декември е на принуден и неплатен одмор. За жал, немаме ние среќа да гледаме таков сеир.  

Смртта на боледувањето

Ви тече нос, имате температура, едвај стоите на нозе, а сепак се силите да работите од дома? Мобилноста, чувството на вина и компетитивноста, прават денес човек да не е раат ни кога е болен.

Зошто толку од нас сакаа да веруваат во системот за чистење океани што крахираше?

Мултимилионска направа која требаше систематски да го чисти ѓубрето во Пацификот во согласност со очекувањата на експертите се расипа и моментално ја влечат накај Хаваи за поправка.

Како да станеш најбогатата жена на светот?

Чекор бр. 1: Разведи се од најбогатиот маж на светот.

Германско право на работа во пижами

Околу 40% од Германците сакаат повремено да можат да работат од дома, па германските законодавци почнаа со процедура за работодавците да ја овозможат оваа опција.

Најдобра фора за нега на кожата е да бидеш богат

Многу важно во овој третман кој се препорачува да трае цел живот е парите да не ги триеш директно на лице.

Оваа година на детето скратете му 10 кила шеќер

Последната студија на британскиот остров покажува дека просечно дете ја јаде количината шеќер која му е доволна да стигне до полнолетство веќе на 10 годишна возраст. Слатки тие на мама и тато.

Лош брак е штетен по здравјето

Ако до сега беше стандард дека добриот стабилен брак е добар за здравјето на неговите учесници, сега по ново се утврди дека и спротивното е точно, односно дека лошиот брак е подеднакво штетен за здравјето како пушење цигари и пиење алкохол.

Бреговиќ: Не читам книги, не слушам музика

Горан Бреговиќ конечно има луксуз да не е во тек и да може да седи во тишина. Вели дека да не мора, не би ни излегувал од дома. Освен до продавница. По пижами.

Како да заштедиш 90 милиони долари на филм? Отпушти го Џони Деп

Откако 5-ката од Пиратите не им излезе по мерак Дизни реши сепак да продолжи со франшизата и да сними и 6-ти филм, но овој пат без една од најголемите ставки во буџетот на досегашните филмови - Џони Деп.

Годината низ бескорисни производи

Човек да не знае што му е понепотребно: сноп гранки од 42 долари или помошен телефон за телефонот што веќе го имаш.

Зошто нормален човек би носел одело на работа?

Прашањето не е наше туку на милијардерот Марк Кјубан, ама веројатно одговорот идентично нè интересира и нас и него.