Работодавците во денешните софтверски компании обожаваат нивните регрути да мислат дека ќе бидат ангажирани како нинџи или Џедаи, баш како да се во Кил Бил или Старворс. Погледнете го порастот на работни позиции опишани со зборот нинџа: од мај 2006 пораснал за 2.505%. Пораст има и кај оние места кои се опишани како „рокеришта“ (810 проценти) или „Џедаи“ (67%), покажува статистиката на еден американски веб сајт за вработување.
Се разбира, не се работи за тоа што на компјутерските фирми денес им требаат махери за фрлање шурикени или мавтање со лајтсејбери. Просто, се работи за финтаџисkи термини со кои компаниите сакаат да се претстават како кул брендови. Мајкрософт, на пример, посебен мерак има да го користи зборот „евангелисти“.
„Нека ги опишуваат своите отворени работни места како сакаат“, пишува Атлантик, но потсетува дека нспроти сите оние фудбалчиња, хипстерски фотељи и бесплатни пијачки, програмерите сепак најголем дел од работното време ќе го минат заковани за столче и монитор, додека очите не им испаднат од кодови или пиксели, слично како што времето го минува остатокот од работничката класа.