Луѓето се од британскиот РСПХ (Royal Society for Public Health) и тврдат дека „хигиенската хипотеза - дека алергиите се предизвикани од премногу чистотија, со тоа што се уништуваат бактериите неопходни за засилување на имунитетниот систем - е влезена во колективната јавна свест и е погрешно толкувана“.
Нивниот став е дека како и со секој совет, и со ова не треба да се претерува „играњето надвор е добро за децата затоа што ќе ги изложи на добри бактерии, ама е клучно кога ќе дојдат дома да си ги измијат рацете, или по одење во тоалет.“
Препораката од РСПХ околу пазењето главно се однесува на периодот пред јадење или подготвување храна.
Она околу што згрешиле речиси една четвртина од испитаниците на РСПХ, е дека „хигиената во домот не е важна затоа што децата треба да бидат изложени на штетни бактерии заради градење на сопствениот имунитетен систем. Мажите било поверојатно од жените да мислат дека хигиената не е клучна, и било два пати поверојатно од жените да мислат дека нема опасност ако не ги миеш рацете по користење на тоалетот.
Од РСПХ даваат совети за „насочена хигиена“:
- чистењето патоси не е нешто посебно важно
- чистењето на ВЦ шолјата од внатре не е ништо посебно важно, бидејќи „пуштањето вода ги отстранува бактериите“
- меѓутоа важно е површината за подготвување храна да биде чиста, како и крпите за бришење во кујна.
„Клучно за прекинување на ланецот за пренесување опасни патогени е миењето раце - по одење во тоалет, по играње или грижа за миленици, пред и по подготвување храна и по кашлање, кивање или секнење нос,“ пренесува Гардијан дел од извештајот.