Таг: чистење

Нежната уметност на шведското претсмртно чистење

Во 2018 излезе англискиот превод на книга чиј поднаслов е „Како да се ослободиш од глупости што си ги собирал целиот живот“ на шведската авторка Маргарета Магнусон. Иако звучи како уште еден практичен и несентиментален пристап кон средување на куќата, таа, како и новата серија поврзана со неа, имаат посебен, скандинавски шарм.

Добро, машиниве ги прават само за нас да нè нервираат?

Поуката не треба да е „во Германија сè е чисто“, туку „во Германија сè (цело време и систематски) чистат“. И тие да не чистат, истото ќе биде како кај нас, не дека се магичен народ што не создава ѓубре или не му се затнуваат шахти.

Дојде сезона за чистење Тимберленд

Прво треба еден момент на искреност кон самите себе и да си признаете дека е лага тоа што си го кажувате дека ќе ги исчистите на есен / зима пред да почнете да ги носите. Второ треба средно мека четка за превртена кожа, мал пешкир и мек детергент.

Се враќаме накај претерано чисто

После години минати во јачање на детскиот имунитет со валкано, сега научниците тврдат дека потребата од изложување на деца на прљаво (бацили) всушност е опасен мит.

Чистење лук, левел Господ Бог

Ако ова е вистина и стварно вака може, којзнае кои други работи во животот ги пропуштаме и не сме свесни за тоа.

Големото океанско сито и решето

Целата приказна почнува пред 7 години кога еден холанѓански тинејџер на одмор во Грција длабоко се вознемирува што во морето имало повеќе пластика отколку риба.

Ако ова не ве натера да исчистите по дома, ништо нема

Принципот е ист како оние Тејст рецептите, само да е шарено, брзо и да изгледа како најлесната работа на свет. И знаеме дека е така, и пак ќе успее да ти створи некоја желба и самодоверба да се покажеш по дома. Ама па и ќе ти пројде.

Неолимписка зимска дисциплина: чистење натрупан снег од кров

Не е сè во скапа технологија, често пати и рачен алат знае да заврши работа (ако си видел доволно мака пред тоа). Има неколку различни школи, зависи на кого што му успеало.

За тие со фетиш на чистење бетон

На некој ова му е работа, нам ни е мерак за гледање, веројатно баш и затоа што не ни е работа. Додека не се смени сето ова, да уживаме во мераков.

Магија за луѓе што решиле да зачистат по дома

Ниту ќе ослабеш годинава, ниту ќе почнеш да вежбаш, ниту па помалку ќе пушиш или пиеш, ама па за тоа ова ти е добар почеток ако си решил дека дошло време да почнеш да чистиш и средуваш по дома. Основите се крајно лесни: ако е бигор, лупај алкохолен оцет; ако се садови, никогаш не ги оставај суви; ако е огледало / стакло чисти со весник; ако се валкани патики или чевли вади влажните марамици.

Предлог за распишување тендер по итна постапка

Кој треба нека го пишува тендерот, другите уживајте. Снимано во Манчестер.

А ова е дечко ти кога мисли дека е сам дома

Ден после журка за Ноќта на вештерките, едниот цимер заборавил дека другиот е уште дома и фатил да чисти. Овој вториов фатил да снима.