Големото океанско сито и решето

Целата приказна почнува пред 7 години кога еден холанѓански тинејџер на одмор во Грција длабоко се вознемирува што во морето имало повеќе пластика отколку риба.

Екс-тинејџерот Бојан Слат наскоро по ова започнува кампања за расчистување на океаните, за по многу време и многу упорност од негова страна, годинава во погон да биде пуштен неговиот систем за собирање на ѓубрето што плута во светските океани.

Иако седиштето на проектот е во Ротердам, а главни финасиери се холаднската влада и уште неколку големи компании и инвеститори, бродот своето патување ќе го започне од Сан Франциско.

Најупростено, станува збор за огромна мрежа што ќе плови по океан и ќе собира ѓубре, а нејзина прва и главна задача е големиот остров со ѓубре што плови во Пацификот. Зацртаната цел е на секои пет години да се преполовува површината на островот, а до 2040 него речиси целосно да го снема.

Станува збор за пасивен систем, без мотори и машини, кој ќе плута по океанот „имитирајќи вештачки брег, и полека собирајќи секаква пластика по пат“. Мрежата е долга 600 метри, а висока 3 метри, која ќе биде поставена во форма на латинично У.

Затоа што пластиката плута малку под површината таа е придвижувана од океанските струи. Бидејќи системот за собирање ќе биде воден од ветар и од бранови, тој ќе биде еден јазол побрз од пластиката, со што отпадот ќе го собира во една густа маса.

Системот ќе биде опремен со он-лајн камери за следење, а на секои шест недели мрежата ќе ја посетува брод кој ќе треба да го товари купчето пластика и да го префрли на земја. На тло опадот ќе биде рециклиран и претворен во најразлични производи кои ќе бидат рекламирани како „произведени од океанска пластика“.

Должината на мрежата ќе дозволи рибите да пловат под нејзе, а над вода сите површини се направени мазни за нив да не се закачува див свет. И покрај ова најголеми забелешки околу проектот е дека тој би можел да му наштети на водниот свет, заробувајќи и чистејќи огромни површини од риби и планктони. Логиката е дека целиот објект по подолго време плутање ќе биде покриен со алги, кои привлекуваат планктони, кои собираат мали риби, за на крај да соберат големи риби.

Ќе бидат потребни околу 3 седмици за системот да биде одвлечкан до островот од ѓубре кој се наоѓа на околу 2.000 километри од брегот на Калифорнија. Првите резултати од функционирањето на системот ќе ги има кон крајот на годинава.

 

10 септември 2018 - 14:43