Дојде сезона за чистење Тимберленд

Прво треба еден момент на искреност кон самите себе и да си признаете дека е лага тоа што си го кажувате дека ќе ги исчистите на есен / зима пред да почнете да ги носите. Второ треба средно мека четка за превртена кожа, мал пешкир и мек детергент.

Првиот чекор е вадење врвки и со сува четка да се помине чизмата за да се симнат сите поголеми прљавштини и прашина.

Врвките се ставаат во вода (собна температура / млака) со детергент за садови, а иста комбинација се прави и за четкањето на чизмите. Се користи средна накај мека четка и се чисти во круг и се чисти секое едно делче од чизмата без ништо да се пропушти (малку поупорно од дечкото на клипов). За шавовите се користи четка за заби.

Немој да се плашите да ја намокрите чизмата, ќе преживее.

После четкањето со детергент, чизмата се брише со пешкир, детално, да се собере целата пена.

Следен чекор е уште едно темелно четкање само со вода, и пак бришење со пешкир.

После ова се оставаат неколку часа да се сушат, по можност наполнете ги со хартија или крпи за да задржат форма.


Варијации на тема:


Во продажба има и различни спрејови за заштита на превртена кожа (нормално барајте безбојни да не биде после драма) што вршат многу работа за заштита на чизмата.

Секако Тимберленд има и официјален пакет за чистење и нега на чизмите, па може и со него.

 

Разлика меѓу нубук и антилоп:


Неколку начини на плетење врвки на Тимберлендот:


Чисто за мерак:

6 јуни 2022 - 14:48