Крајниот резултат е следното: храна со изглед на морков, направен исклучиво од месо (мелено мисиркино), кое на гриз има мека текстура како мелено месо, ама вкусот му е на морков.
Во Арбис за производот имаат и сосема нова група на јадења „megetables“ (meat + vegetables), а конкретниов изум го водат како марот (meat + carrot).
Во зависност од побарувачката на јавноста Арбис би можел да го воведе производот на одредено време. Во 2016 Арбис имаа една слична акција во која продаваа сендвичи со срнечко месо. Акцијата заврши по два часа заради преголемата заинтересираност и ограничените количества.
Ланци како Бургер кинг, КФЦ и Вајт касл, веќе воведоа растително месо во своето мени. Арбис конкретно нагласи дека таквото надополнување на менито нема да се случи кај нив.