На мостот по кој од копно се доаѓа до островот Sommarøy (Летен остров) служи како атракција за туристите. Но, наместо оставање љубовни пораки или катанци кои симболизираат нечија нераскинлива врска, луѓето на него оставаат часовници, за да го симболизираат преминот во местото во кое часовниците не важат.
Островот има околу 300 жители и тие сакаат сега да го легализираат тоа, да бидат остров на кој не важи вообичаената 24 часовна поделба на ден и ноќ. И реално е така. 69 дена (од 18 мај со 26 јули) сонцето нема да им зајде а од ноември до јануари не им се појавува.
Во такви периоди речиси ништо не значи колку е часот.
„Среде ноќ, да речеме во 2 часот по полно, можете да видите деца како играат фудбал, луже како бојосуваат куќи, тинејџери како одат на пливање. Само сакаме да ја синхронизираме регулативата според нашата реалност и да го формализираме нашиот наќин на живеење кој трае со генерации,“ вели еден од потписниците на петицијата.