Во германската студија (поддржана од Светската анти-допинг агенција) учествуваат 46 спортисти кои 10 недели тераат тренинзи за снага. Дел од нив добиваат плацебо, другите секој ден добиваат капсули екдистерон кои содржат еквивалент на количина од супстанцата од 4 килограми спанаќ.
На крај оние што го добивале суплементот имале три пати поголем раст на физичката сила отколку оние кои сето тоа време биле на плацебо.
Уште пред почетокот на студијата тимот претпоставувал дека испитаниците што земале екдистерон ќе имаат раст на физичката сила, но не очекувале да е толку голем.
Последното од научниците е дека ВАДА (анти-допинг властите) треба да го додаде екдистеронот на листата забранети допинг супстанци, нешто што агенцијата ќе треба сама допрва да одлучи.