Таг: спорт

Кого удрам не жалам: јапонскиот спорт на фрлање снежни топки

Секоја година на 20 февруари на планина на Хокаидо почнува вистинска битка, со снежни топки и детални правила. И тоа не за деца, туку за професионалци во оваа работа.

Зошто бронзените медалисти се посреќни од оние кои освојуваат сребро?

Иако поради маските е тешко да се долови изразот на лицето на спортистите на тековната Олимпијада, изгледа дека оние кои на подиумот се качуваат како носители на трето место во различните дисциплини се поентузијастични од оние на второ.

Пешачење: необичниот спорт кој во 19 век бил поатрактивен од фудбалот

Компетитивното пешачење подразбирало големи ривалства, огромна награда, страсен национализам, ексцентрични карактери и шестодневно пешачење од 725 километри.

Регбол - спорт кој само на Русин може да му текне

Се игра на кошаркарски терен. Регбол е екипен спорт со елементи на борење, кошарка и рагби. Нема чекори, дупла, погрешно водење итн. Се трча со топка па кој е појак и попрецизен победува. Во Русија првото првенство во регбол се одиграло во 1999-та, а во новемри 2003-та е признат како нов вид спорт со своја федерација.

Нема спорт, има филмови за спорт - 15 вредни внимание во карантин

Додека спортот е на пауза, агрегаторот на филмски рецензии Rotten Tomatoes дава рецепт како времето да се пополни со некои интересни филмови на тема спорт.

Доста ги лажете навивачите, кажете им дека спорт пред публика уште долго нема да има

Сите мора да прифатиме дека ќе минат уште многу месеци пред толпите публика да се вратат да гледаат спорт во живо.

Играва мора да се прави Олимписки спорт

Ако на времето можело олимписки спортови да бидат влечење со јаже, качување по јаже и пукање во галеби, тогаш ова нешто денес во 2020-та година заслужува да му се даде шанса. Би бил еден од погледаните. Игрицава се вика fast sling puck и претежно се игра во Русија и во некои азиски земји.

Во живо: Сизиф против карпата

Сите ние сме Сизиф, особено на почетокот на годината кога работите треба да почнаат да се тркалаат. Прво со огромен напор нагоре, па стрмоглаво надолу. Колку ние потврдоглави, толку карпата поодлучна. 

Необични спортски фотографии од 2019-та

Покрај моментите од најпопуларните спортови, годинава која ја испраќаме, ја одбележаа и некои интересни фотографии од другите спортови.

Традиционалниот женски спорт страда од новокомпонираните жени

Вајрд пишува за величествени победи на трансџендери кои го потресуваат светот на спорот. Тоа што во текстот го немаат е дека сите победници се мажи што станале жени и дека нема ниту еден обратен случај.

Дали и спанаќот ќе стане допинг супстанца?

Најновата препорака на германските научници е во листата забранети супстанци за спортисти да се додаде - екдистерон, состојка со карактеристики на стероид која може да се најде во спанаќ.

Пред да стане глумец, Џејсон Стејтам бил репрезентативец во скокови во вода

Во овој олимписки спорт наоѓал лично задоволство кое кога наполнил 20 и кусур години не му го полнело празниот новчаник, па решил да се проба на други полиња и да заборави на најголемата љубов.

Најголемите грдосии од маскоти во спортот

Во пресрет на првиот дуел од новата сезона во англискиот Чемпионшип, Вест Бромвич Албион ја претстави новата клупска маскота: човек-бојлер, после што навивачите се држеле за глава.

„Дамите имаат предност“ (Ladies first, 2018)

Краток документарец чија премиера на Нетфликс се случи на 8 март, зборува за некогашната светска шампионка во стреличарство и нејзината неверојатно инспиративна приказна. Во која дамите немаат секогаш предност.

Четворицата спортисти кои доаѓаат на Олимпијадата како уметници

За повторно да оживее визијата на Кубертен за соживот помеѓу спортот и уметноста, во Јужна Кореја ќе престојуваат четворица спортисти кои нема да конкурираат за медали, туку ќе снимаат филмови или ќе сликаат. 

Како спортските новинари коментираат удар во гениталии?

Една од помалку посакуваните повреди во спортот, особено оној машкиот, е ударот меѓу нозе. Ај што самиот спортист си има мака, туку и коментаторот треба да има однапред подготвен израз за да го опише она што се случило. Американците имаат развиен вокабулар за ваквите инциденти. Може е време до петок нашите да си спремаат пар поживописни џокери од оној кој се користи до сега.

Селтик - Марибор

Од спорт на ТВ денес ви ги препорачуваме реванш средбите од плејофот во Лигата на шампионите, тенис УС Опен и пријателски кошаркарарски натпревар како увертира за СП во Шпанија. 

Човекот кој го смисли "да пукне!"

"Да пукне" е глобален и сеприсутен поздрав. Се простира преку сите меридијани и паралели, функционира во сите социјални контексти, како универзален знак за добро завршена работа. Во животот на оној кој прв го смисли, лежат храбри но тажни приказни кои се за сè друго, само не за "да пукне".

Изложба на дела од советските Спартакијади

Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.

Историски моменти во спортот за 2013

Голема е конкуренцијата кога треба да се издвојат најатрактивни голови или одбрани од цела година, но во изминативе 12 месеци се случија неколку важни, но и некои епски случки кои се малку и кои не се повторуваат секоја година во спортот. Еве кои ги издвои Си-Ен-Ен.

Постои ли „спортски ген“?

„Дали е до вложениот труд, или до вродената дарба?" - вака обично размислуваме за врвните уметници, во чии биографии најчесто се вели дека од мали покажале талент за областа во која подоцна се прославиле. Поретко истото прашање го поставуваме за врвните спортисти.

Квидич од реалниот живот

Што велите за еден локален турнир во квидич на Градскиот стадион во Скопје? Тоа што сте фан на Хари Потер сепак не значи дека би биле и добар играч - квидичот станува сериозен спорт, за кој се потребни исти такви подготовки и познавање на 700-те правила. Сепак, како за почеток, доволно е и една метла.

Дали гледањето спорт е „виновно задоволство"?

Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето.