Пред да стане глумец, Џејсон Стејтам бил репрезентативец во скокови во вода

Во овој олимписки спорт наоѓал лично задоволство кое кога наполнил 20 и кусур години не му го полнело празниот новчаник, па решил да се проба на други полиња и да заборави на најголемата љубов.

Еден од најпознатите глумци на денешницата, Британецот Џејсон Стејтам големата филмска кариера ја почнал кај Гај Ричи: во филмовите „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“ и „Snatch“. Џејсон маестрално одиграл шармантен уличен бандит кој се занимава со изнуда.

Понатаму Стејтем оди во Холивуд каде во култниот филм „Транспортер“ (2002) го игра поранешниот десантнен-падобранец Френк Мартин кој се бави со шверц. Британскиот актер се прослави и со улогата во филмот „Адреналин“ каде глуми најмен убиец.

Негови познати улоги секако се и во „Furious 7“ и „Furious 8“.

Но пред да стане светски познат глумец, Џејсон Стејтам бил професионален спортист а настапувал удри и за репрезентацијата на Велика Британија во скокови во вода.

ВО ШКОЛО ПОЧНАЛ СО ФУДБАЛ, НО ПОВЕЌЕ ГО ИНТЕРЕСИРАЛЕ СКОКОВИ ВО ВОДА

Џејсон пораснал во градот Греј Јармут, англиски град со 45.000 жители. Уште како мал трчал по улиците и глумел театарски претстави.

„Беше многу тешко да се привлечат луѓето кои брзаа на работа. Потешко дури и од снимање филм!“, рекол подоцна Стејтам за неговото детство.

Набрзо почнал да се занимава со спорт: дома му бил „спаринг-партнер“ на брат му кој тренирал бокс, а Џејсон се пробал и во гимнастика. На осум години кога буквално сите негови врсници играле фудбал, и тој решил да игра, па кога го покажал талентот со топка, во следните пет години играл како напаѓач.

Сè се сменило после еден летен одмор со родителите во Мајами, кога Џејсон имал 12 години. Едно утро се симнал во хотелскиот базен и видел дечко кој скока од скокалница. „Бев фасциниран од глетката, а и сам не сфаќав зошто. Гледав скокови во вода и не можев да се отргнам“.

Кога се вратиле дома, следниот ден се запишал во секцијата за скокови во вода. Не покажувал посебни квалитети, но се здружил со тренерот Ким Вајт. И кога после пар години Вајт го поставиле за селектор на младинската репрезентација на Велика Британија, тој го повикал Стејтам во селекцијата. Во тоа време Џејсон тренирал еднаш дневно после школо и бил вљубен во овој олимписки спорт.

После неколку години Вајт бил промовиран во селектор на сениорската репрезентација и нормално брзо организирал прекомандување на Стејтам меѓу сениорите. Од тој момент Џејсон сериозни се фокусирал на спортска кариера.

ОДЕЛ НА ГОЛЕМИ ТУРНИРИ, НО НЕ СТИГНАЛ ДО ОЛИМПИЈАДА

Поради својата најголема љубов - скоковите во вода, Стејтам се преселил во Лондон, затоа што во Кристал Палас се наоѓа огромен спортски центар во кој еднаш неделно се собирала репрезентацијата во скокови во вода.

Во тоа време младиот Џејсон одел и на меѓународни натпреварувања. Најинтересно му било во 1990-та година кога скокал во вода на турнир во Москва (најстар меѓународен турнир за скокови во вода кој се организира уште од 1959 година).

За тој период од животот на Џејсон не е познато многу, па затоа медиумите понекогаш создаваат и митови. Најпопуларен е оној дека Стејтам учествувал на Олимписките Игри во Сеул во 1988-ма. Џејсон демантирал се во интервју за IGN.

„Освоивте 12. место на Олимписките игри...
-Кој го напишал тоа, мајка ми?“

Најдобар резултат во кариерата на Стејтам бил на Комонвелт Игрите во 1990-та година во Нов Зеланд. Таму Џејсон го освоил 8. место со одлични скокови.

МАЛКУ ЗАРАБОТУВАЛ ПА МОРАЛ ДА РАБОТИ НА СТРАНА

На 24 години Џејсон веќе сфатил дека животот на професионален спортист (освен ако не си топ фудбалер), носи само лична сатисфакција но не и заработка за живот.

Тој секој ден станувал во 6:30 наутро за да стигне на тренинг од 8:00. Се враќал доцна навечер после 5-6 часа напорен тренинг кој со години не се менувал. И така неколку години по ред.

„Ми фалеше акција. Роден сум во семејство кое твореше, учествував во театарски претстави, а во спортот се беше еднобразно и исто“, изјавил подоцна Британецот.

Освен тоа, го фрустрирале и слабите резултати. Почнал на 12 години во спорт со кој се занимавал 4-5 години активно. Сфатил дека најголем резултат му е втора десетка на второкласни турнири. Покрај тоа, постојано му фалеле пари. Федерацијата ги плаќала многу малку, а и тоа морал да го дава за кирија на станот. Тогаш решил да почне да продава антиквитети:

„Продавав парфеми, часовници и накит. Се беше фалц, но луѓето радосно трошеа по 50 фунти за лажен часовник Cartier“, се сеќава Стејтам за овој период од неговиот живот.

Една вечер на врата му дошле двајца млади луѓе кои се претставиле како полицајци и го испрашувале. На крај тој сфатил дека тие двајца биле лажни агенти и дека сакале да го ограбат. Почнала тепачка, Џејсон успеал да им избега: „Вечерта решив, доста ми е од тоа, ми треба спокојна работа“:

РАБОТЕЛ И КАКО МОДЕЛ ЗА КАТАЛОЗИ ЗА ОБЛЕКА И СНИМАЛ ВИДЕА

Новата работа сама му се наметнала. Во спортскиот центар редовно доаѓале претставници од маркетинг агенцијата Sports Promotions кои барале модели. Нив ги привлекла фигурата и ликот на Џејсон, па му понудиле да снима реклами за облека.

Џејсон позирал во спортска опрема за Adidas, во фармерки Levi’s и кошули Tommy Hilfiger. Така им западнал во око на луѓето од големата агенција French Connection: „Го избравме Џејсон, затоа што сакавме нашиот модел да изгледа како нормален дечко, а тој идеално одговараше: истовремено беше и мажествен, но не со класичен изглед на модел“, го објасниле изборот од агенцијата.

Се појавил и во спотот на групата Erasure за песната Run to the Sun (1993) каде разголен  играл будалесто:

Подоцна за спот го викале и групите The Beautiful South, за песната Dream A Little Dream (1995) и групата The Shamen за песната Comin’ on (1994). За овие ролји не го платиле лошо (околу 200-250 фунти за седум дена снимање).

Во 1996 година поради проблем со финансирање, спортскиот центар со базените престанал со работа, а во 1997 година Стејтам се запознал со култниот Гај Ричи и добил улога во филмот „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“.

Во тој момент веќе поминале 20 години откако не се занимавал активно со спорт, но неговото тело и натаму било во идеална форма (најмногу благодарение на кик-боксот и џиу-џитсу). Страста кон боречките вештини му ја пренел Гај Ричи уште на почетокот на 2000-те години.

Тоа што цел живот спортувал му помогнало на Стејтам и во кино. Тој речиси секогаш исполнува улога сам, без дублери. Во насилните сцени со тепачки тој исто снима сам (секако не го удираат намерно и со цела сила, но пак реално доволно силно за пред камера).

Тој има личен тренер (Логан Худ) и тренира шест дена во неделата по 45-60 минути.

Верувале или не, Џејсон Стејтам има 51 година, а и натаму има тело како младичот кој скокал во вода пред 30 години.

16 април 2019 - 12:37