Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.