Брозовиќ на полувреме од дербито со Милан возел статичен точак
Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.
Според ова ако го викнеле на аудиција за филмот „Адреналин“, комотно би можел да го замени херојот Џејсон Стејтам. Интер благодарение на голот на Мауро Икарди во судиското продолжение го победи Милан со 1:0.