Во живо: Сизиф против карпата

Сите ние сме Сизиф, особено на почетокот на годината кога работите треба да почнаат да се тркалаат. Прво со огромен напор нагоре, па стрмоглаво надолу. Колку ние потврдоглави, толку карпата поодлучна. 

Новинар: Значи, ова е големиот настан, нешто за кое напорно трениравте, не само за целата ваша кариера, туку и за вечноста. Како се чувствувате?

Сизиф: Одлично, Тони.

Новинар: Во утакмицава сте речиси сигурен губитник. Како планирате да ја свртите работата во ваша корист?

Сизиф: Па треба да излезам на терен и да дадам 110% од себе. Потоа можам да одам на следно ниво.

Новинар: Како ви изгледаат условите? Тука делува доста топло.

Сизиф: Па, под земја сме.

Новинар: Така.

Сизиф: Ама верувам дека жештината ми е предност: постабилен терен.

Новинар: Па, со среќа.

Сизиф: Фала, Тони! Нема да запрам додека не стигнам до врвот!

Новинар: Сега да одиме во кабината за преносот во живо на овој возбудлив меч. Драган и Питагора?

(неколку минути подоцна)

Новинар: Па, ова сигурно не е резултатот на кој се надевавме денес.

Сизиф: Па, не Тони, не е. Ама човек не смее премногу да се секира за поразите, ниту па многу да се фали со победите.

Новинар: Ама вие немате ниту една победа.

Сизиф: Точно, но се чувствувам добро вака како што е. Сигурно ќе стигнев до врвот ако само неколку нешта тргнеа поинаку.

Новинар: Кои нешта?

Сизиф: Па, на пример ако успеев да ја држам карпата на врвот на ридот.

Новинар: Така. Коментар за опонентот?

Сизиф: Морам да му оддадам признание на каменот за неговата игра. Во сите наши претходни соочувања користеше слична стратегија, и морам да признаам, му функционира.

Новинар: Мислите, гравитација?

Сизиф: Точно, Тони. И некако како карпата повеќе да сакаше да победи. Со толкав камен навистина треба да изиграте најдобро што знаете за да ја качите до врвот и да направите да остане таму.

Новинар: Нешто што до сега не ви успеало. Никогаш.

Сизиф: Точно. Но нема да престанам додека не го сторам тоа!

Новинар: Да се вратиме во кабината. Драган и Питагора?

(неколку минути подоцна)

Новинар: Уф, ова беше....јако. Стрмоглав пораз. Буквално.

Сизиф: Да, Тони, беше.

Новинар: Дали некогаш ве поклопила така претходно?

Сизив: Не, и дел од мене е разочаран. Но дел од мене вели - „Обиди се пак и стори го тоа!“

Новинар: Сериозно?

Сизиф: Да. Ако продолжам вака карпата нема шанси. Може да ѝ ги форвардираат мејловите на врвот на ридот, затоа што таму и ќе си остане!

Новинар: Му се восхитувам на вашиот натпреварувачки дух - како и на старомодната аналогија - но нели сте малку обесхрабрен?

Сизиф: Не, затоа што нема „с“ во обесхрабрен, Тони.

Новинар: Всушност...има. Назад, до кабината.

(неколку минути подоцна)

Новинар: Па од снимката изгледа дека карпата се преврти врз вас, потоа малку забави од ударот, и во подножјето пак ве удри. И пак, и пак. Дали беше така?

Сизиф: Да, Тони. И ќе бидам искрен - боли. Ама сè е во главата, па ако...

Новинар: Чекај. Само што бевме сведоци како една карпа ве прави парам-парче.

Сизиф: Мора да му се оддаде признание на мојот опонент. Денес имаше добар план и истиот одлично го изведе.

Новинар: Со тоа што постојано ве газеше?

Сизиф: Точно, Тони. Само треба да се приберам и - бум! - ќе одам на следно ниво.

Новинар: Дали некогаш сте помислиле дека би можеле да заглавите на исто ниво? Затоа што ние го помислуваме тоа.

Сизиф: Овој вид игра гради карактер, и на крај ќе ме направи посилен.

Новинар (тивко): Си мислам за животот и се прашувам што им направив на боговите што вака ги налутив.

Сизиф: Боговите се на моја страна, и сакам да ја искористам оваа прилика да им заблагодарам за успехот, затоа што ја сум само еден обичен човек во оваа ситуација.

Новинар: Ама немавте никаков успех. Добро, време е пак да ве распрачи карпата.

Сизиф: Овој пат не! Ќе видиш, Тони!

Новинар (тивко): Има ли спас од ова?

(неколку минути подоцна)

Новинар 2: Како се чувствувате?

Сизиф: Многу добро, Тони.

Новинар 2: Златко сум јас. Тони истрча од теренот во последната рунда и се фрли под карпата.

Сизиф: Уф, греота. Ова е сурова игра, ама сепак не е убаво. Ајде, со лесно нека е друже!

Новинар 2: Мртов е.

Сизиф: Па, тогаш бог да го прости. Нема да запрам додека не стигнам на врвот!

(Гледаат како екипа откопува нешто на подножјето од ридот)

Сизиф: Само да го расчистат хаосов.

Извор

Бонус: Игрица „Сизиф“ за висински подготовки тука

8 јануари 2020 - 10:30