Најголемите грдосии од маскоти во спортот

Во пресрет на првиот дуел од новата сезона во англискиот Чемпионшип, Вест Бромвич Албион ја претстави новата клупска маскота: човек-бојлер, после што навивачите се држеле за глава.

Англиските медиуми што побрзо истакнаа дека оваа маскота на ВБА - „човек-бојлер“ не само што се најде на листата најгрди маскоти во островскиот фудбал, туку и во историјата на сите спортови.

Вест Бромвич Албион

Клубот од Бирмингем во мај месец годинава потпишал договор за спонзорство со компанија која произведува бојлери. На мечот против Болтон кој го загубија дома 1:2, гледачите се потсмевале со маскотата која за нивна среќа нема да ги замени легендарните птици-маскоти Baggie bird&Abi.

Стенфорд Универзитет

Ако навивачите на ВБА некако ќе се помират со маскотата бојлер, чудно е како се навикнале оние на тимот на Стенфорд Универзитетот од Калифорнија.

Нивната маскота наречена „Stanford Tree“ важи за една од најгрдите од кога се измислени маскотите да ги забавуваат гледачите.

 

Њу Орлеанс Пеликанс

Според англискиот The Sun, нема нешто поморничаво, појезиво од едно енормно големо бебе со гигантска глава кое што се вози на тротинет облечено во пелени и мала круна на главата.

Ние би додале дека језив е и ликот од порцелан.

ТЦУ Хорнед Фрогс

Овој клуб во американскиот фудбал е од Тексас. Маскотата по име Superforg наводно треба да биде жаба, но што е точно не знаат ниту навивачите на Рајдерс.

Партик Тистл

Маскотата на шкотскиот фудбалски клуб е убедливо најстрашнатаа и најгрдата маскота во светот на фудбалот.

По својата природа треба да изгледа сонце кое ќе носи радост и светлина, а маскотата Кингсли носи страв па дури и камерманите во близина се тргнуваат од што им е непријатно да го гледаат.

Вичита Стејт Шокерс

Ова е кошаркарски клуб кој игра во првата машка дивизија NCAA. Доаѓа од Вичито (држава во Канзас).

Маскотата им се вика WuSHOCK. Ако со неа целта им е да ги исплашат противницте, тогаш имаат големи шанси во тоа зошто WuSHOCK е ужасно морничав.

Јужен Илиноис Салукис

Овој тим се натпреварува во пониските лиги на американскиот фудбал. Нивната маскота Салукис по природа би требала да е куче, ама не сме баш сигурни во тоа.

Напротив, изгледа на некое шумско крволочно чудовиште кое не е нималку пријатно за гледање во сала.

7 август 2018 - 12:23