Океј, помина ракометот (длабока воздишка) и откако некаде на почетокот на второто полувреме со Германците стана јасно дека овој пат нема да го освоиме светот (бајкалски длабока воздишка и залутан поглед) абе душата ко на задна вуча низ снег да ми се влечкаше од мака, ама се посветив на разработка на планот како да си ја материјализираме Aлександровата оставштина од типот „нека ви се нозе стресат, дојдовме по нашето" на наредниот Мундијал, во било кој спорт. Но пред тоа да се договориме нешто...