Зависи кој го плаќа истражувањето, велат познавачите. Кога студијата ја плаќаат субјекти заинтересирани за спортот (и парите од него), се наоѓаат бројни докази за општите бенефити од ваквите инвестиции. Кога тоа е платено од независни истражувачи врз кои клубовите или федерациите немааат влијание, докази за таквите бенефити тешко се наоѓаат.
Како и да е, градскиот совет на Сакраменто го одобри планот за изградба на сала сала која ќе чини вкупно 391 милион долари од кои над 255 милиони ќе дојдат од градската каса.
Оние кои го поддржаа предлогот веруваат дека ваквиот зафат ќе отвори нови работни места и ќе ја живне економијата во градот. Противниците (двајца од девет) потсетуваат дека Сакраменто и онака се наоѓа на работ на инсолвентност и се прашуваат дали тие пари баш мораа да одат во нешто, што во крајна линија, е приватен бизнис.
Бројни студии постојат на тема дали јавните пари вложени во професионалниот спорт даваат пошироки резултати. Сумирано, постојат три битни причини против:
Ефект на замена: Спортот е еден вид забава. Ако Кингси не играа во Сакраменто, луѓето својот дел од планираното излегување ќе го насочеа на други градски содржини. Ќе отидоа во кино, во ресторан...
Ефект на избегнување гужви: Спортските настани привлекуваат толпи. Голем дел од луѓето сакаат да избегнат толпи (како што не одиш на Работнички - МЗТ ако само ти се гледа кошарка).
Ефект на истекување: играчите на Сакраменто Кингс се многу добро платени но добар дел од нив не ни живеат во градот па тој не гледа дополнителен ефект од нивната присутност.
Едно истражување покажало дека дури 85 проценти од економистите се согласуваат дека градските и државните власти не треба да инвестираат во професионалниот спорт.
Тогаш зошто советот на Сакраменто гласал така? Затоа што тоа е град со - за американски стандардни - многу висок степен на невработеност од 10.9 проценти и едноставно, политичарите веруваат во можноста од отворање нови работни места и општ развој, наспроти сите економски анализи дека тоа не е така.
Пред една година, Кингси сериозно најавија дека размислуваат да го заменат Сакраменто за Анахеим. Градоначалникот на Сакраменто Кевин Џонсон (инаку поранешен играч на НБА) веднаш покрена контраиницијатива која резултираше со спомната градска интервенција.
Сосема е јасно дека клубот ја искористи оваа закана за селење за да добие субвенции од граѓаните на Сакраменто. Клубот не му носи битни пари на градот но неговото заминување ќе ги направеше многубројните фанови несреќни. А тоа лошо ќе изгледаше за Кевин Џонсон.
Приказната ја илустрира монополската позиција на НБА. Во моментов во САД постојат многу градови кои а) се побројни од Сараменто и б) не се домаќини на клуб од НБА. Загрозени од овие факти, жителите на Сакраменто ќе платат голема сума за да можат да им удоволат на Кингси и тие да останат нивен клуб.
Башка што Сакраменто се трупови.