Пешачење: необичниот спорт кој во 19 век бил поатрактивен од фудбалот

Компетитивното пешачење подразбирало големи ривалства, огромна награда, страсен национализам, ексцентрични карактери и шестодневно пешачење од 725 километри.

Датумот бил 21 септември 1879, 1 наутро, кога 13 спортисти, речиси сите со мустаќи, во кратки шорцеви и тесни чорапи-доколенки се собрале под лаковите на оригиналиот Медисон сквер гарден во Њујорк. Нив ги бодреле 10,000 возбудени гледачи.

Тоа бил најочекуваниот спортски настан на ерата, кој предизвикувал интерес кој се граничел со манија. Учесниците веќе биле меѓународно славни, а на местото пристигнале со свита свои нутриционисти, доктори, готвачи, спортски масери и тренери - кои често препорачувале пиење шампањ додека течел натпреварот.

Билетот чинел 1 долар, но интересот бил толку голем што обезбедувањето имало тешка работа да ги задржи оние кои сакале да се приближат до патеката со сила. Како и на денешните спортски натпревари и тогаш имало корпоративни спонзорства. Еден од спортистите рекламирал вид сол. Имало грицки, вклучително печени костени и туршија од јајца, како и машини за точење пиво. За целосната атмосфера бил одговорен војнички оркестар, а присутните мавтале со знамиња и со марамчиња. Луѓето се обложувале на екстравагантни суми.

Ова не бил ни фудбалски натпревар, ни тениски меч, ни кошарка - натпреварувачите просто брзо пешачеле, а спортот бил наречен „педестријанизам“. Конкретниот турнир бил петиот Грејт сикс дејс рејс, воспоставен од британскиот политичар и спортски мецена сер Џон Естли.

Правилата биле едноставни - требало да се пешачи во кругови, шест дена по ред, додека не се исполни нормата од 724 километри. Натпреварувачите смееле да потрчуваат, да се ѕенѕаат па дури и да ползат, но не смееле да ја напуштат елипсовидната патека до крајот на трката. Наместо тоа тие јаделе, пиеле и дремеле (веројатно вршеле и други физиолошки потреби) во мали шатори поставени на страна, при што некои од нив биле богато опремени.

Наградите и за денешни услови биле неверојатни - победникот добивал 25.000 долари (денешни 679.000) и појас од чисто сребро на кој биле вгравирани зборовите „Светски шампион на долги стази“.

Иако има многу легенди како воопшто почнал овој спорт, една од приказните вели дека во 1859 19-годишен курир кој работел за весникот Њујорк Хералд требало да подигне цвеќе и да го испрати како подарок во име на својот шеф, но изумил - цвеќарското возило дошло на договореното место и заминало. За да си ја поправи грешката тој трчал по него низ градот и успеал да го престигне на сосема другиот крај. Следниот ден добил двојна плата за својот херојски напор.

 

Една година подоцна, инспириран од публицитетот кој го добил, тој и негов пријател се обложиле околу резултатот на претседателските избори од 1860. Оној што ќе загуби требало да појде пешки до Вашингтон за да присуствува на инаугурацијата. Вестон се обложил на ривалот на Линколн, опскурниот демократ Џон Брекинриџ (кој знае, можеби намерно?), па наскоро морал да појде на 10-дневно пешачење, кое преку ноќ го направило славен. Така тој иницирал голем интерес за брзото пешачење, а најпознатите натпреварувачи имале свои фанови и прекари. Еден од нив бил „Брзиот пешак од Кардиф“, а самиот Вестон бил познат како „Пешакот“, секогаш дотеран, со капа, одело и стап за јавање.

По почетното лудило од интерес, спортот се ограничил на Олимпискиот маратон, кој прв пат бил воведен во 1896. За да се оддели од трчањето, едно стапало секогаш морало да ја допира земјата. Сепак, рано е да се каже дека педестријанизмот е засекогаш замрен. Како и други спортови кои изумреле па повторно се појавиле, на некоја следна Олимпијада можеби и тој ќе биде повторно воспоставен.

извор

29 јули 2021 - 08:20