Нема спорт, има филмови за спорт - 15 вредни внимание во карантин

Додека спортот е на пауза, агрегаторот на филмски рецензии Rotten Tomatoes дава рецепт како времето да се пополни со некои интересни филмови на тема спорт.

Рејтингот на Rotten Tomatoes е формиран според посебна формула на гледаност, според  позитивна критика и просечна оцена во рецензиите кои ги објавиле други изданија. Некои се култни и треба да се изгледаат.

Топ 15 според верзијата на Rotten Tomatoes на чија листа има 150 филмови за спорт:

15. „Роки“ (Rocky, 1976)

Филм кој не треба посебно да се претставува. Иако со буџет од 1 милион долари, „Роки“ стана филм со најголема гледаност во една година и собра 56,5 милиони долари. Овој култен филм освои три премии на Оскарите и Златен глобус.

Силвестер Сталоне се прослави со Роки.

14. „Кошаркарски мечти“ (Hoop Dreams, 1994)

Вистинита приказна за двајца дечки од сиромашен кварт во Чикаго, Артур Еџи и Вилијам Гејтс кои сонуваат за НБА слава. Ова е документарен филм сниман цели пет години.

13. „Кешбол/Човекот кој смени сè“ (Moneyball, 2011)

Една од најдобрите глуми на Бред Пит, најдобрите сценарија на Арон Соркин, 6 номинации за Оскар. Филмот е сниман по книгата на Мајкл М Луис за бејзбол тим од Окленд и неговиот генерален менаџер Били Бин. Негова цел е да создаде конкурентна бејзбол екипа и покрај беспарицата.

12. „Биковите од Дархам“ (Bull Durham, 1988)

Главен јунак е Кевин Костнер, ветеран во бејзбол, легенда во пониските дивизии. Го ангажираат во нисколигашот Дархам Булс каде треба да му биде ментор на младиот играч (Тим Робинс) кој е многу талентиран ама помалку интелегентен.

11. „Бесконечно лето“ (The Endless Summer, 1966)

Двајца сурфери патуваат по светот во потрага по вечно лето. Филмот е снимен на база на документарни снимки.

10. „Убиствена игра“ (Murderball, 2005)

Документарен филм кој раскажува за екипи составени од инвалидизирани лица кои професионално се занимаваат со рагби.

9. „Билјардист“ (The Hustler, 1961)

Ова е еден од двата филма на оваа листа снимени во ХХ век. Класика со Пол Њуман во главна улога. Овој игран филм добил дури 9 номинации за Оскар и освоил две премии.

8. „Мејден“ (Maiden, 2019)

Британски документарен филм за едрење.

„Ќе ги држи дури и оние гледачи кои практично ништо не знаат или не ги интересира едрењето како спорт“, велат критичарите во ренцезијата на Rotten Tomatoes.

7. „Фри соло“ (Free Solo, 2018)

Топ документарец кој раскажува за подвизите на Алекс Хонолд, првиот човек кој без никаква помош се искачил вертикално на карпестиот врв Ел Капитан (0,91 км).

Минатата година „Фри соло“ доби Оскар за најдобар документарен филм.

6. „Борба со моето семејство“ (Fighting with My Family, 2019)

Добра комедија.

Хумористичен филм за поранешен борач и неговото семејство кои организираат мали турнири во разни краеви на Велика Британија. Нивна цел е да добијат членство во Меѓународната боречка федерација. Двејн Џонсон е главна ѕвезда.

5. „Националната Велвет“ (National Velvet, 1944)

Најстар филм на целава листа. Пет номинации за Оскар, две победи - најдобра женска споредна улога и најдобра монтажа.

Младата Велвет Браун чува коњ и оди на трки со коњи. На жените им е забрането да учествуваат, па таа се шиша кратко, се камуфлира и завршува прва на трката, но набрзо ја дисквалификуваат и и ја земаат титулата.

4. „Јас, Тоња“ (I, Tonya, 2018)

Марго Роби во улога на Тоња Хардинг, една од најпознатите и најконтроверзните личности во женско уметничко лизгање.

Кариерата на Тоња завршува кога нејзиниот поранешен маж ја нападнал Ненси Кериган (главна ривалка на Тоња на мраз) на еден тренинг пред стартот на првенството на САД 1994-та. Хардинг била обвинета за соучеништво.

3. Форд против Ферари (Ford vs Ferrari, 2019)

Свеж филм со Кристијан Бејл и Мет Дејмон во главни улоги. Основа на филмот е ривалитетот меѓу гигантите Форд и Ферари во '60-те години на автомобилската трка „24 часа Ле Ман“.

2. „Крид“ (Creed, 2015)

Седми филм од франшизата „Роки“, втор на овој список од Rotten Tomatoes. Во центар на вниманието е синот на Аполо Крид, првиот сериозен ривал на Роки кои станува негов најдобар другар.

1. „Еди орелот“ ("Eddie the Eagle", 2016)

Британски биографски спортски филм (драма/комедија). Приказната за Мајкл Едвардс, британски скијачки скокач кој во 1988 година станал прв натпреварувач во овој спорт од Велика Британија на Олимписки Игри после 1928-ма година.

Бонус:

„Марадона во Мексико“ (за времето на Диего поминато како тренер на Дорадос де Синалоа во Мексико)
„Cool Runnings“ (Култен филм за боб-тимот на санка од Јамајка)
„Икарус“ (Документарец за кршење на допинг правилата во велосипедизмот и допинг програмата во Русија)
„Сандерленд до смрт“ (Sunderland Till I Die - документарец од неколку дела за болниот пад на фудбалскиот клуб Сандерленд)
„Една ноќ во Торино“ (за фудбал)
„Хулиганите од зелената улица“ (фудбалски навивачи)

26 март 2020 - 13:49