Кај невработените кои почнале да работат по 8 часа неделно имало 30-процентно намалување на проблемите со менталното здравје. Над 8 часа неделно ништо од подобрувањето не се зголемило.
Иако концептот на 8 работни часа неделно тера на блажени мисли, тој доаѓа со задни намери и се разгледува во контекст на автоматизација на работните места и замена на вработените со роботи.
„Имаме рамки за ефикасна доза за сè од витамин Ц до часови спиење, меѓутоа ова е прв пат некој да се заинтересира во однос на платени работни часови.
Знаеме дека невработеноста често пати е клучна за добробитта на луѓето, негативно влијаејќи на идентитетот, статусот, користењето на време и чувството на заедничка цел.
Сега имаме некоја претстава колку работно време е потребно за да се постигнат психолошките бенефити од вработеноста,“ објаснува социологот од Кембриџ и ко-автор на студијата, Брендан Бурчел.
Меѓу решенијата предложени од истражувачите се 5-дневни викенди, 5 работни дена по 2 часа на ден, или два месеца одмор на секој месец работа.