Koj e најдобриот совет што сте го добиле?
Ени мени сени, сени чоколада, бур бур лимонада.
Ок. Кои беа вашите херои дур растевте?
Род Серлинг; Дејвид Џенсен од Д Фјуџитив; Кантинфлас - мексикански комичар. Борис Карлоф, Марти Робинс, Лени Брус, Кен Нордин.
Тоа е многу шарена екипа. Што им е заедничко?
Кој ќе го знае. Татко ми го напушти нашето семејство кога имав 11 години, па голем број мажи на кои се угледував во животот изгледаа татковски.
Како човек треба да се бори со стареењето?
Не мора да се бориш против тоа. Тоа се бори против тебе. Почнува да те бутка кон земја и ти мораш сам да се вадиш од дупката. Стареењето не е за пизди.
Како треба да се однесува човек кога го критикуваат?
Да вика: „Знам дека си, но што сум јас? Знам дека си, но што сум јас?“
Каква улога треба да игра суетата во животот на еден маж?
Да си најдеш огледало во кое изгледаш добро.
На која жива личност најмногу ѝ се восхитувате?
На Далај Лама. Го сретнав пред многу години во Њујорк. Свирев на хуманитарен концерт и ја сретнав Неговата светост зад сцената. Претпоставувам дека јас во тој момент бев Неговата блесавост. Неговата светост ја сретна Неговата блесавост. Ме погледна и почна да се смее. Потоа ѝ го претставив на жена ми, тој ја зема за рака и ја однесе некаде во далечината, ги немаше саат и пол. Појма немам што се случувало помеѓу нив, но... беше тоа возбудлив момент.
Со жена ви, Кетлин Бренан, сте со децении. Која е тајната на долгата и среќна врска?
Заљуби се и остани заљубен. Биди внимателен на кривините. Сè е на долги стази.
Кој има извршено најголемо влијание врз вас?
Жена ми. Нејзината мудрост, хумор и фактот што е во моја близина.
Дали е ОК човек да лаже?
Тоа е дел од креативниот процес. Мораш да научиш како да лажеш, и добро да лажеш, за да не те фатат.
Кој е најдобар лек за скршено срце?
Еве реченица која ќе помогне. „Тони, ај биди срце и направи ми мартини со цевче“. Сфаќаш?
Кого би го поканиле на вечера од соништата?
Телониус Монк. Џек Бени. Рин Тин Тин за остатоците. Шефот Бојарди, Скип Џејмс. Фелини, Јоко Оно, Нина Симон, Грејс Џонс и Ентони Квин. И Волтер Хјустон. Тоа е добра група. Ќе треба доста џин и вермут.
Кој совет би си го дале на себеси помлад?
Држи се. Еден ден кожата ќе ти се исчисти и ќе бидеш фраер. И гледај повеќе „Зона на самракот“.
Што е најтешко кога си татко?
Децата не те слушаат ни збор од тоа што го кажуваш, но многу внимаваат на тоа како го живееш животот. И ако има разлика помеѓу тоа што им го кажуваш и тоа како живееш, ја губиш публиката.
Како би сакале да ве запамтат кога ќе ве нема?
Би било напувано да мислам само за тоа како сакам да ме памти јавноста. Повеќе мислам на тоа како сакам да ме памти фамилијата - со љубов.