Откако со години се тераше борба за намалување на загадувањето од енергетскиот сектор, најверојатно следниот фронт ќе биде намалување на загадувањето од градежните материјали. Во конкретниот пример со цементот, постојат замени за него како материјал, меѓутоа купувачите најчесто ги избегнуваат и не сакаат да платат за негови зелени алтернативи, кои знаат да бидат и 3 пати поскапи.
Инаку две-третини од загадувањето во производство на цемент доаѓа од согорувањето варовник. При овој процес јаглеродот заробен во варовникот се меша со кислород и на крај се ослободува како ЦО2.
Една невесела математика, покажува дека:
1. При производство на 1 тон цемент се ослободува барем половина тон ЦО2.
2. За да го создаде ова количество ЦО2, просечен автомобил треба да мине околу 1.800 километри.
3. Една бетономешалка собира околу 13 тони цемент.
4. Во изградбата на една (помала) зграда одат барем десетици бетономешалки.