Bookbox

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

Зошто има 60 минути во еден час?

Денес ретко размислуваме зошто денот има 24 часа, часот 60 минути, а минутата 60 секунди. Овој систем ни изгледа толку природен што речиси никогаш не го доведуваме во прашање. Но зад него не стои некој универзален закон, туку низа историски одлуки, цивилизации и практични потреби стари илјадници години. Дури и обидите да се создаде „пологичен“ систем не успеале да го заменат наследството што ни го оставиле древните народи.

Можеме ли ние да имаме еден Атенборо?

Пред некое време до нас стигна писмо од читател во кое споделува линк до документарна серија во продукција на МРТ. „Често гледам слични документарни филмови за некои далечни предели од различни делови од светот. Но, на мојата десетгодишна ќерка овие ѝ се омилени бидејќи се зборува на македонски јазик и се однесува на природата во Македонија. Сакам да ја однесам за да ги посетиме.“ Изгледавме неколку епизоди и ни се бендисаа, со пар фусноти.

Букбокс гледанка: „Поет“ (2025)

Филмовите за неуспешни уметници често лесно паѓаат во замката на романтизирање на страдањето или претворање на кризата во клише. Но „Поет“ избира поинаков пат. Наместо приказна за генијалност и триумф, тој нуди горчливо-смешен портрет на човек кој одамна останал заглавен меѓу сопствените амбиции и реалноста. Но дали е тој „лудиот“ или оние околу него кои ја девалвираат вредноста на уметноста, спојувајќи ја со „исплатливост“ и его?

Мозочни клетки во тацна научиле да играат „Дум“. Иначе?

Она што до вчера изгледаше како чиста научна фантастика, денес сè повеќе станува дел од научната реалност. Експерименти во кои мозочни клетки учат да играат видеоигри или цели мозоци се пресликуваат во дигитален свет отворajќи нови хоризонти, но и нови дилеми. Колку сме блиску до иднина во која границата меѓу човекот и машината ќе исчезне?

Ластовичaрање или пролетно „коледарење“

Во голем број култури, доаѓањето на пролетта се прославува со песни, обичаи и симболични ритуали. Во Грција, еден од најстарите такви обичаи се тн. „ластовичји песни“ - детска традиција што го најавува враќањето на ластовицата и обновувањето на природата. 

Фала на комплиментот!

За еден комплимент да делува, тој мора да биде веродостоен, искрен и соодветен на ситуацијата. Ако не се вклопува во тоа како личноста се гледа себеси, најчесто ќе биде тивко или гласно отфрлен. Луѓето со пониска самодоверба потешко ги прифаќаат пофалбите, бидејќи тие не се согласуваат со таа, поубава слика за нив.

Од каде зборот „калабалак“ во шведскиот?

Неред, гужва, хаос. Она што и ние го користиме како турцизам влегло во шведскиот јазик по историска битка од 18 век во која Отоманската војска се судрилa со тогашниот крал на Шведска. И тоа не е крајот на ширењето на зборот вон балканска територија. 

Како е да те удри гром?

Оние што го преживеале го опишуваат како едно од најневообичаените и најтешко разбирливи искуства. Ударот од гром остава последици врз телото, умот, но и по чувството за реалност. Често дури ни блиските не веруваат дека симптомите се вистински, па луѓето се здружуваат во групи за поддршка. 

Зошто се има сменето акцентот на Тејлор Свифт?

Луѓето спонтано ги прилагодуваат своите говорни навики за да ја намалат социјалната дистанца и полесно да се поврзат со другите. Ова не е манипулација, туку проста адаптација, особено на нова околина или друштво. И сето ова лингвисти го покажуваат преку следење на промената на начинот на кој зборува (во интервјуа и при јавни настапи) позната пејачка.

„Радиоактивен инцидент“ - серија за вистинска катастрофа за која малку се знае

Радиjaционата несреќа во бразилскиот град Гоијанија од 1987 година е влезена во не-толку-познатата историја како најголемата во светот што не е поврзан со нуклеарна централа. Оваа серија во пет епизоди достапна на Нетфликс ги пренесува настаните пред, за време и по настаните - башибозукот, неодговорноста и необразованоста кои довеле до нив, но и храброста на оние кои го ограничиле нејзиното дејство.

На Меѓународниот ден на поезијата: зошто се преглумува кога се читаат стихови на глас?

Зошто многу поети имаат препознатлив, речиси „пејачки“ начин на читање кога настапуваат? Овој феномен, често нарекуван „поетски глас“, не им пречи само на слушателите, туку и на самите поети, кои со децении го критикуваат како клише, неприроден и понекогаш дури и здодевен.

Глувиот ковач и историјата на знаковниот јазик

Приказната за еден глув ковач од 16 век отвора пошироко прашање: кога и како знаковниот јазик станал прифатен како валиден начин на комуникација во правна и законска смисла? Иако денес тоа ни изгледа како нешто природно, патот до такво признавање бил долг и исполнет со предрасуди.

Потеклото на „нека пукнат душманите“

Изгледа дека луѓето пред повеќе од илјада години не биле ништо помалку чувствителни на завист од нас денес – само што наместо статуси на социјални мрежи, си оставале пораки директно на подот од своите домови. Ако некој гостин имал лоши намери, домаќинот уште на влез му порачувал: „Нека пукнат завидливите“. Еден ваков антички „статус“, зачуван во мозаик, неодамна беше откриен во Турција и покажува дека некои човечки реакции и чувства навистина не се менуваат.

Почина алармистот и „пророк“ на еколошката апокалипса

Смртта на американскиот биолог Пол Ерлих на 93-годишна возраст го актуелизира прашањето за улогата на научниците во јавниот живот - дали тие треба да излегуваат во јавност со предупредувања кои звучат панично, ризикувајќи лесно да бидат отфрлени од мејнстрим науката која не сака премногу да го „лула чамецот“. Ерхил беше токму таква фигура: контроверзен, често критикуван, но и влијателен во обликувањето на современите дебати за животната средина.

За важноста на една точка-запирка

Една песна на грчкиот нобеловец Јоргос Сеферис од далечната 1931 се уште е предмет на различни толкувања. Причината е еден интерпункциски знак, кој постои во оригиналот, но кој во музичката верзија и во следните препечатувања е намерно или ненамерно превидуван. А пораката со и без него не е иста.

За кадата или интимноста на еден простор

Бањата често се доживува како најобичен дел од домот - приватен, функционален и речиси невидлив во секојдневниот живот. Но низ историјата и во различни култури, просторот за капење имал многу пошироко значење: место за одмор, размислување, дружење, па дури и духовно обновување. Преку примери од различни општества и идеи на архитекти, антрополози и уметници, се поставува прашањето дали бањата може да се замисли поинаку: не како стерилен и изолиран простор, туку како архитектура на телото, блискоста и заедничкото искуство.

По 35 години, Иг Нобеловите награди се селат од САД

Церемонијата на доделување на сатиричните (но многу поинтересни) Нобелови награди, што се одржа во Бостон во септември 2025, беше последна на американско тло. Оваа година настанот ќе се одржи во Цирих, Швајцарија, што може да означи и подолгорочна промена. Или што би рекол наш другар од преку океанот: „Дојде и тоа, заебанциите да избегаат на неутрална територија“.

Ширењето морална паника како политичка алатка: сексуалниот скандал од Кенигсберг

Историјата често покажува дека гласините и озборувањата можат да имаат огромна моќ – понекогаш доволна за да уништат углед, да предизвикаат јавни скандали или дури и судски процеси. Токму таков е случајот со двајца протестантски пастори од прускиот град Кенигсберг во 19 век, чии религиозни идеи и влијание врз локалното општество довеле до низа обвинувања, шпекулации и сензационалистички приказни.

Букбокс друштвени игри: „Да одиме во Јапонија!“ (Lets Go! To Japan)

Игра во која планирате еднонеделен престој во Токио и Кјото, на реални места како храмови, паркови и ресторани. Колку подобар план, со рационално трошење и умерен напор, толку повеќе бодови. Сега - пред пролетното цветање на црешите - е идеален момент да почнете да се подготвувате за замисленото, а кој знае можеби и реалното патување. 

Дури и птиците пеат повеќе ако имаат помош од заедницата

Ново истражување покажува дека кај некои пејачки птици-женки токму заедничкото одгледување на младите – кога во грижата учествуваат и други членови на семејството или групата – може да има важна улога во развојот и еволуцијата на нивното пеење.

Оскари 2026: 17 интересни факти

Наградите на Американската филмска академија, кои ќе бидат доделени понеделник 16.03. рано наутро по наше време, оваа година носат низа интересни статистики, рекорди и необични факти поврзани со номинираните филмови и актери.

Во медиумите во САД има помалку од десет професионални книжевни критичари

Во последните години книжевната критика во САД поминува низ значителни промени. Некогаш, класичните рецензии во весници и списанија играа централна улога во книжевниот свет: тие им помагаа на читателите да откриваат нови книги и им даваа насока на дискусиите за литературата. Денес таа улога е значително намалена. Намалувањето на медиумскиот простор за рецензии и промените во начинот на информирање на читателите доведоа до нова, многу пофрагментирана сцена.

Што се тоа „трети места“ и зошто се важни?

Во секојдневниот живот, повеќето луѓе најголем дел од времето го поминуваат на две места – дома и на работа. Но постојат и други простори каде што луѓето се среќаваат, разговараат и се дружат без обврските што ги имаат во домот или на работното место. Овие простори се нарекуваат „трети места“ и според бројни истражувачи тие имаат големо значење за благосостојбата на поединците и за функционирањето на заедницата.

Спрингстин, Вејтс, Џони Деп: големи имиња на албум во чест на Шејн Мекгоуан

Голем број познати музичари и јавни личности ќе учествуваат на нов трибјут-албум посветен на покојниот ирски пејач Шејн Мекгоуан, фронтмен на групата Поугс. На албумот ќе се појават ѕвезди од различни генерации и музички сцени – од американски рок легенди до британски инди бендови и ирски фолк-музичари. Новото издание ќе содржи преработки на неговите песни, а дел од приходите ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Заборавеното сетило во модерната медицина

Во современата медицина редовно се проверуваат сетилата како видот и слухот, но едно од основните сетила речиси никогаш не се тестира – сетилото за мирис. Сè поголем број истражувачи сметаат дека ова е сериозен пропуст, затоа што промените во способноста за мирисање можат да бидат ран показател за низа здравствени проблеми, вклучително и невродегенеративни болести. 

Како географски да мапираш мит?

Во античката култура митологијата и географијата често се преплетувале. Учените и поетите не ги читале епските приказни само како фантастични наративи, туку се обидувале и да ги поврзат со вистински места на картата. Особено голем интерес предизвикувале патувањата на хероите како Одисеј и Јасон. Каде точно се наоѓале нивните рути, дали чудовиштата и островите од еповите можат да се сместат во познатиот свет и како митските приказни се вклопуваат во реалната географија?

Просечната возраст на актерките номинирани за Оскар расте

Долги години во филмската индустрија важеше непишано правило дека најголемите улоги и награди им припаѓаат на помладите актерки. Сепак, статистиките од последните години покажуваат дека работите полека се менуваат. Се појавуваат сè повеќе награди и номинации за актерки во подоцнежна возраст, што отвора прашање дали конечно почнува да исчезнува старосната дискриминација кон жените во Холивуд.