Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Промоција на „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

9 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 9 август (сабота) во Кинотека на Македонија, во рамките на програмата на шестото издание на „Флипбук филм фестивал“ (7-10 август) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоцијата на новата книга на Влатко Галевски, со наслов „Калиграфи на филмското писмо“. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков.
  • Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмскиот занает како: Вим Вендерс, Жак Тати, Рој Андерсон, Шантал Акерман, Ингмар Бергман, Ањес Варда, Андреј Тарковски, Бела Тар, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Трир и Аки Каурисмаки.
  • „Структурата на ‘Калиграфи’ е прилагодена на триетапниот приод на Галевски во разоткривањето на творечките лавиринти кај секој еден од одбраните режисери. Во првата етапа тоа е преку есеизираниот портрет на режисерот, во втората, насловена како ‘Референца’, совпаѓањето на неговата филмска постапка со мајсторството во определен занает, во третата етапа замислената случка (поткрепена со неколку вистински факти) се пишува во облик на сосем лична мини проза, фикција во која режисерот е лик.
извор

Почина Сретен Перовиќ, големиот пријател на Македонија

22 August 2025
  • Share
  • Post
  • На 17 август, на 93-годишна возраст, почина Сретен Перовиќ, црногорски поет и пријател на Македонија. Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас - на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател на Црногорскиот ПЕН центар, на конференциите на Македонскиот ПЕН. 
  • Посебна љубов, енергија и знаење Сретен низ годините посвети на преведувањето и афирмацијата на македонската литаратура на црногорски и на српско-хрватски јазик, посебно на поезијата. Ненадминливи се неговите препеви на поезијата на Конески, на Јаневски, на Шопов, на Матевски и понатаму на делата на помладите генерации македонски писатели. 
  • Во 2012 година издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави неговата книга „Македонија екумена“, книга со текстови за Македонија и пред се за македонските книжевни дејци и нивните дела, која некои критичари ја нарекоа „ода на македонскиот национален и државен идентитет“. Перовиќ е втемелувач и подоцна претседател на Друштвото за црногорско-македонско пријателство и почесен член на повеќе институции, хуманитарни здруженија и невладини организации во земјата и во странство. 

Последен поздрав од неговиот македонски колега Димитар Башевски и песната „Македонија екумена“ на линкот.

извор

„Море сокол пие“ одекна во Италија

15 August 2025
  • Share
  • Post
  • Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, на 9. издание на PianoLab фестивалот во Италија првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Дарија Андовска.
  • PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси во историски вредни места на југот на Италија. Фестивалот го слави „кралот на инструментите“ – пијаното – во формат отворен за сите: професионалци, студенти и ентузијасти. Програмата се состои од соло рецитали, специјални настапи на светски пијанисти, воведни концерти и главен настан — маратон на пијано низ градското ткиво.
  • Овогодишното деветто издание на Suona con noi — маратонот за пијано се прошири и со рецитали со глас и пијано. Се одржа на 11 и 12 август во три локалитети на Мартина Франка и 20 концерти во тие два дена. Рециталот на Благој Нацоски и Андреа Скалцо беше едно музичко патување од Хендл, преку Белини, Тости, Пучини, Масне, се’ до дела од Бенџамин Бритн и светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска, специјално напишана за оваа прилика и посветена на Нацоски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Мрачната страна на Франкфурт

Разно
2

Та само Младенци ли ќе се слават

Македонштина
3

Брачна математика

Балканштина
4

Ние и Босна, тие сме тие

Балканштина
5

Човекот кој се вратил на правиот пат

Балканштина
6

Упатство за православни погреби

Разно
7

Која црна тактика бе другар, четврта лига се

Фудбал
8

Запознајте го нашиот нов матичен лекар

Забава
1

Гардијан за новиот филм на Теона Митевска за Мајка Тереза: „Неверојатно интензивна приказна со примеси на хумор“

Bookbox
2

Јерговиќ нападнат во центарот на Загреб, а на неговата зграда осамна заканувачки графит

Bookbox
3

Што значи да си „невоспитан“?

Bookbox
4

Зошто феноменот Лабубу има врска со коцкање?

Bookbox
5

Миљенко Јерговиќ: „Пишувањето го спасува светот“

Bookbox
6

Контроверзната приказна за авторството на славната фитнес програма на Џејн Фонда

Bookbox
7

Почина Сретен Перовиќ, големиот пријател на Македонија

8

Од Франкештајн до Путин: што е најинтересно на Венецијанскиот филмски фестивал 2025?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Човекот кој се вратил на правиот пат

Балканштина

Ние и Босна, тие сме тие

Македонштина

Та само Младенци ли ќе се слават

Балканштина

Брачна математика

Македонштина

Крушевски Зен

Македонштина

Богати и славни

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кажи го едноставно

Охриѓани секогаш се понапред од скопјани

Сликовит сунет

Еве каде лежел зајакот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy