Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Море сокол пие“ одекна во Италија

15 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, на 9. издание на PianoLab фестивалот во Италија првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Дарија Андовска.
  • PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси во историски вредни места на југот на Италија. Фестивалот го слави „кралот на инструментите“ – пијаното – во формат отворен за сите: професионалци, студенти и ентузијасти. Програмата се состои од соло рецитали, специјални настапи на светски пијанисти, воведни концерти и главен настан — маратон на пијано низ градското ткиво.
  • Овогодишното деветто издание на Suona con noi — маратонот за пијано се прошири и со рецитали со глас и пијано. Се одржа на 11 и 12 август во три локалитети на Мартина Франка и 20 концерти во тие два дена. Рециталот на Благој Нацоски и Андреа Скалцо беше едно музичко патување од Хендл, преку Белини, Тости, Пучини, Масне, се’ до дела од Бенџамин Бритн и светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска, специјално напишана за оваа прилика и посветена на Нацоски.
извор

Замина Илинденка Петрушева

5 September 2025
  • Share
  • Post
  • На 81 година, денес, 05.09.2025, почина Илинденка Петрушева, една од најзначајните филмски критичарки во земјава. Родена во 1944 година во Горна Џумаја, Бугарија, таа се школувала во Скопје и Загреб. Од 1972 година била уредник на филмската редакција во Домот на младите во Скопје (денес МКЦ).
  • Таа е еден од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974 година. Таму работеше до периодот од февруари 1999 до август 2001 година, кога е назначена за советник на министерот за култура за кинематографска и драмска дејност. По тој период повторно се враќа во Кинотеката на Македонија, каде работи како советник-филмолог.
  • Во Кинотеката работеше на повеќе истражувачки проекти од историјата и теоријата на филмот во Македонија. Учествувала на повеќе научни симпозиуми од областа на филмот. Долги години била уредник на Кинотечен месечник, како и главен и одговорен уредник на списанието за историја и теорија на филмот „Кинопис“. 
  • Од бројните нејзини книги, последната беше објавена во 2022-та – „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ (Букбокс осврт за неа тука). 
извор

На 91 почина Џорџо Армани

4 September 2025
  • Share
  • Post
  • „Со огромна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа издадено денес, 04.09.
  • Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој ја комбинираше креативноста на дизајнер со остроумноста на бизнисмен, водејќи компанија која генерираше приход од околу 2,3 милијарди евра годишно.
  • Џорџо Армани е роден на 11 јули 1934 година во Пјаченца, Италија. Во младоста студирал медицина, но по неколку години го напуштил универзитетот и се свртел кон модата. Работел како декоратор на излози во стоковната куќа Ла Ринашенте во Милано, а потоа како дизајнер за Нино Черути.
  • Заедно со партнерот Серџо Галеоти, тој го основал Армани С.п.А. во 1975 година. Брзо станал познат по своите елегантни, минималистички кроеви и луксузни ткаенини. Особено бил познат по своите машки костуми кои го редефинирале деловниот стил во 1980-тите. Ги облекуваше и холивудските ѕвезди – на пример, Ричард Гир носеше костуми на Армани во филмот „Американски жиголо“ (1980), што дополнително го зацврсти неговиот углед.
  • (фото: Epa Images)
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Е јеби га

Македонштина
2

Вака се работи

Балканштина
3

Не му ги сакајте политиките, ама Путин е класа

Видео
4

Его големо колку Кина

Онака
5

ЗНМ згрме!

6

И Србија доби датум

Балканштина
7

Што ли ќе одговори Кирјос на муабетов на Сабаленка?

Разно
8

Европа врти десно

Свет
1

Позлатен храм на новиот светски поредок: внатре поранешната американска амбасада која сега е супер-луксузен хотел

Bookbox
2

Зошто престанавме да произведуваме Ајнштајни?

Bookbox
3

Замина Илинденка Петрушева

4

Сте слушнале за Леси и Рин Тин Тин, ама знаете ли за Стронгхарт?

Bookbox
5

22-минутни овации во Венеција по проекција на филм за смртта на петгодишно палестинско девојче

Bookbox
6

Венецијанскиот лав е всушност од Кина

Bookbox
7

Koj сака да биде музејски инфлуенсер?

Bookbox
8

Почина Сретен Перовиќ, големиот пријател на Македонија

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Македонштина

Е јеби га

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Балканштина

Нема ова долго да трае

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И тоа дочекавме: Баба Рада на екстерно!

Да симнеме тоа гаќите

Светско а наше

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy