Bookbox

Многумина мислат дека осаменоста е проблем на богатите општества, каде што луѓето, трчајќи по пари и успех, ги жртвуваат социјалните врски. Но истражувањата покажуваат дека тоа не е точно. Напротив, западните, индивидуалистички општества – каде што повеќе луѓе живеат сами и религијата има помала улога – во просек се помалку осамени. Ова го покажува нова студија чии резултати ги објавува Економист.

Eдно од најинтересните изданија во годината што изминува е всушност повторено издание на книга од 1980-та. Таа раскажува приказна за 9-годишно дете пронајдено во дивина, кое ќе стане центар на она што подоцна ќе биде наречено „забранет експеримент“ – обид преку него да се реши вечната дилема за односот меѓу природата и воспитувањето: дали човекот се раѓа со вродени способности или е празна табла врз која искуството го испишува карактерот и умот.

Не се 5 сетила туку 33

Поминуваме голем дел од денот приковани пред екрани и најчесто ги занемаруваме сетилата освен видот и слухот. Но тие никогаш не престануваат да работат. Кога сме повнимателни, ги чувствуваме грубите и мазните површини околу нас, напнатоста во рамената, мекоста на лебот под прстите.

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Париз веќе речиси два века е познат како „Градот на светлината“, симбол на Просветителството и технолошкиот напредок. Но историјата речиси целосно заборавила една од најнеобичните и најубави примени на светлината во париското општество од крајот на 19 век – електричниот накит.

Сарма од која ви се плаче

Повеќето од нас мислат дека храната ја вкусуваме само со јазикот. Но експерименталниот психолог Чарлс Спенс од Оксфорд со децении покажува дека јадењето е целосно мултисензорно искуство: во него учествуваат видот, слухот, допирот, па дури и емоциите. Тој ја објаснува оваа идеја преку т.н. „парадокс на провансалското розе“: виното што на одмор, на плажа и на сонце ни изгледа прекрасно, дома во студена зимска вечер го нема истиот вкус.

Кога знам дека знаеш дека јас знам

Во својата нова книга, познатиот психолог од Харвард, Стивен Пинкер, се обидува да ја разложи секојдневната комуникација на нејзините најситни честички – на неизговорените претпоставки, заедничките знаења и логиката што ни овозможува воопшто да се разбереме. 

Букбокс гледанка: „Стив“ или за уморот на спасителите (2025)

„Стентон Вуд“ (наречен уште и „Последна надеж“) е дом за проблематични момчиња што општеството веќе ги отпишало. Стив (Килијан Марфи), неговиот директор, се бори и со сопствените демони и со предизвиците на системот, кому воопшто не му е гајле за овие „криминалци“ и „животни“. Во овој динамичен филм, спасителите и воопшто хуманоста се оние кои ја губат енергијата и битката. 

„Кинеската соба“ на вештачката интелигенција

Во далечната 1980 еден филозоф опишува мисловен експеримент, кој во следните неколку децении ќе стане најшироко анализираниот аргумент во когнитивната наука, а денес задира во природата на ВИ. Откако неодамна почина на 93 години, Џон Серл ќе биде запаметен токму по него. 

11-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ

На 6 и 7 октомври 2025 (понеделник и вторник) од 19 часот ќе се одржи 11-тото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм - ЕТНОФФ. Богатата програма содржи филмови од различни делови на светот кои ја истражуваат универзалната човечка состојба, но и опишуваат специфични културни контексти. Влезот е бесплатен!

„Стивнина“ е првиот победник на Зборотворба на годината

Нестанојца (кога ти е убаво и не ти се станува од некаде), мамапод (вредна мајка со осум раце), недостих (нешто неискажливо, дури и во поезија), свирисписок – плејлиста и соклупник (соученикот со кого си седел во иста клупа). Ова се само неколку од над 400-те предлози кои пристигнаа на повикот за првиот нов збор во македонскиот, организиран од „Зборци“. Оној победничкиот повикува на стишување, подзабавување, за да може низ тоа спокојство да се стигне барем малку поблиску до вистината. 

Ќе се преиспитуваат околностите за смртта на Хантер С. Томпсон

Сопругата на новинарот и писател побара нова истрага од Бирото за истраги во Колорадо, иако неговата смрт во 2005 година беше прогласена за самоубиство.

Кој би победил помеѓу витез и самурај?

Во различни делови на светот се развиле два вида воини – европските витези и јапонските самураи. И двата реда оставиле силна трага во историјата и се сметаат за едни од највештите борци на сите времиња. Никогаш не се сретнале на бојно поле, но сличната улога во своите општества ги прави лесно споредливи.

Најспомнуваната актерка во Холивуд се вика Тили Норвуд. Како која Тили Норвуд?

Тили наводно не е замена за вистински актери, туку експериментален проект кој треба да се толкува во истата линија со анимација, кукларство или компјутерски генерирана графика. 21-от век изгледа ќе биде дефиниран од вакви „синтетички таленти“. Но во моментов ваквите експерименти наидуваат и на силни реакции, секако од човечки актери.

Mузеј на погребувањето: дијаманти од пепел, посмртни маски и супер гифт шоп

Од толку пати што сме ја посетиле Виена, никогаш не сме слушнале дека таму постои необичен музеј, за нешто што е универзално а сепак со културолошки специфики - справувањето со смртта, односно со посмртните останки. Трамвајот кој застанува на Централните гробишта, порта 2, беше полн со средношколци на екскурзија во овој физички мрачен, но всушност многу освежувачки музеј. 

Возниот ред како цивилизациска придобивка

Кога купува билет за кое и да е превозно средство, патникот купува ветување дека конкретен автобус, ферибот или авион во одредено време ќе пристигне на одредена дестинација. Но огромнoто планирање зад сето ова всушност почнало со - возовите. 

Време е за нов културен снобизам

Културниот снобизам можеби изгледа застарен и непривлечен, но во ера на АИ, алгоритми и безвредна содржина, тој може да биде последниот штит против уметноста што не нуди ништо освен лесна потрошувачка. Наместо да се исмеваат оние кои бараат квалитет, можеби токму тие се неопходни за да се зачува смислата и вредноста на културата.

Букбокс репортажа: Од изложбата „Кој ги носи пантолоните?“ во Музејот на светот во Виена

Тесни, широки, свечени или во стил на пижами – пантолоните се универзален феномен што се среќава во сите култури и во различни епохи. Но тие не се само практична прекривка на телото туку и артефакт кој поттикнува генерациски и родови конфликти. Тековна изложба во Велтмузеум во Виена ја претставува шареноликоста на претставите за тоа како тие треба да изгледаат и кој може да ги носи. 

Нов книжевно-филмски клуб - „Пат кон Истокот“

Книжевниот дел од клубот ќе биде посветен на автори од Источна Азија – нивно читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици. Филмскиот дел ќе вклучува проекции и анализи на филмови, често поврзани со книжевните наслови. Kлубот е од отворен тип, членството е бесплатно, единствено треба да прочитате книга или да погледнете филм. Останатото е дружење и муабетење.

Зошто стекот е „машка храна“?

Ново британско истражување со повеќе од 1.000 мажи открива дека идеите поврзани со „избегнување на женственост“ и социјален статус често се врзуваат со повисока консумација на месо. Мажите кои силно се идентификувале со традиционални машки норми почесто јаделе црвено месо и живина, и биле помалку подготвени да се откажат од месо или млечни производи.

Замина волшебната Клаудија Кардинале, легенда на италијанската кинематографија

Италијанската актерка со туниско потекло, позната по филмовите „Гепардот“, „8 и пол“ и „Пинк Пантер“, почина на 87-годишна возраст во Франција.

На светот му требаат повеќе селани (не сељаци)

Во 2008 година, за првпат во историјата, бројот на луѓето што живеат во градови ја надмина половината од светската популација. Денес само 42% од човештвото живее во рурални средини, а селаните често се сметаат за заостанат остаток од минатото. Но зад таа перцепција стои спротивна вистина – селанството сè уште е клучен столб на глобалната економија и опстанокот на планетата.

Подемот на филмските пензионери

Иако Холивуд одамна ја тргна настрана зрелата возраст, денес бројот на постари луѓе во општеството расте, па и публиката бара автентична приказна. Ветерани како Морган Фримен, Иан Мекелен или Семјуел Л. Џексон и понатаму играат сложени улоги, докажувајќи дека зрелоста не значи повлекување, туку континуитет на креативноста.

Полицијците од древен Египет дувале во свирче од говедска коска

Не се само значајни артефактите кои им припаѓале на владетели или oние пронајдени во дворци и храмови. Најнеобичните наоди се всушност оние користени од пониски „ешалони“ и таканаречениот обичен народ, во случајов од древни чувари на редот и мирот. 

„Дегустаторките“ - филм за жените што ја јаделе храната наменета за Хитлер

Приказната звучи речиси како да е измислена: група млади Германки, изнемоштени од глад во војната, биле принудени секојдневно да јадат вкусни вегетаријански оброци – со ризик да умрат ако храната била отруена, бидејќи таа била наменета за Хитлер. Има ли историска поткрепа во неа?

Што не кажувате вакви работи? - Боби МекГи да ти била женско

Сигурно ја знаете славната песна на Крис Кристоферсон која стана уште пославна откако ја испеа Џенис Џоплин. Зад неа стои приказна за жената која била инспирацијата, но која во сето тоа препевање и менување род во стиховите излегла - машко. 

Њујоршките стаорци имаат посебен „акцент“

Не, ова не е метафора за некој дел од населението на „Големото јаболко“, туку асли глодари во градската средина во која се слушаат стотици човечки јазици и дијалекти. 

Дали алкохолот го подобрува зборувањето странски јазици? - доделени ИГ наградите 2025-та

Оваа година повторно беа доделени наградите Иг Нобел – сатирични, но вистински научни признанија за истражувања што најпрво предизвикуваат смеа, а потоа размислување.

Oперација Рокол: малиот остров освоен од Британија за „иле“ на СССР

Рокол е мало, неплодно парче карпа среде Атлантик, кое со децении предизвикува интерес кај владите, научниците и авантуристите. Изолираното островче – оддалечено околу 420 километри западно од надворешните Хебриди во Шкотска – станало дел од геополитички и економски спорови, како и симбол на британска моќ во времето на Студената војна.

Реткиот синдром кој прави лицата на другите луѓе да изгледаат „демонски“

Просопометаморфопсија (ПМО) е состојба која предизвикува лицата кои ги гледаме да се појавуваат изобличени во форма, големина или боја. Има различни варијанти - некои гледаат „развлечени“ или двојни лица, други „вештерски“ со долги носеви и остри уши.