Bookbox

Многумина мислат дека осаменоста е проблем на богатите општества, каде што луѓето, трчајќи по пари и успех, ги жртвуваат социјалните врски. Но истражувањата покажуваат дека тоа не е точно. Напротив, западните, индивидуалистички општества – каде што повеќе луѓе живеат сами и религијата има помала улога – во просек се помалку осамени. Ова го покажува нова студија чии резултати ги објавува Економист.

Eдно од најинтересните изданија во годината што изминува е всушност повторено издание на книга од 1980-та. Таа раскажува приказна за 9-годишно дете пронајдено во дивина, кое ќе стане центар на она што подоцна ќе биде наречено „забранет експеримент“ – обид преку него да се реши вечната дилема за односот меѓу природата и воспитувањето: дали човекот се раѓа со вродени способности или е празна табла врз која искуството го испишува карактерот и умот.

Не се 5 сетила туку 33

Поминуваме голем дел од денот приковани пред екрани и најчесто ги занемаруваме сетилата освен видот и слухот. Но тие никогаш не престануваат да работат. Кога сме повнимателни, ги чувствуваме грубите и мазните површини околу нас, напнатоста во рамената, мекоста на лебот под прстите.

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Париз веќе речиси два века е познат како „Градот на светлината“, симбол на Просветителството и технолошкиот напредок. Но историјата речиси целосно заборавила една од најнеобичните и најубави примени на светлината во париското општество од крајот на 19 век – електричниот накит.

Сарма од која ви се плаче

Повеќето од нас мислат дека храната ја вкусуваме само со јазикот. Но експерименталниот психолог Чарлс Спенс од Оксфорд со децении покажува дека јадењето е целосно мултисензорно искуство: во него учествуваат видот, слухот, допирот, па дури и емоциите. Тој ја објаснува оваа идеја преку т.н. „парадокс на провансалското розе“: виното што на одмор, на плажа и на сонце ни изгледа прекрасно, дома во студена зимска вечер го нема истиот вкус.

Што е „јас“ и кој го измислил?

Ако се сеќавате на „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон, има една сцена во која Брајан се обраќа на толпа во Ерусалим, која верува дека тој е Исус. „Грешка сте“, ги убедува тој. „Не треба да ме следите. Не треба да следите никого. Треба да размислувате со своја глава. Сите вие имате свое јас!“. Толпата му враќа во еден глас - „Дааа, сите имаме свое јас!“. Ова е парадокс кој совршено ја илустрира тешкотијата да се напише историја на „себството“ - она по кое некој се разликува од сите други. 

Сакаме ваков: сте слушнале за театарски натпревар кој се одржува во сауна?

Аквагардeнс, спа-центарот покрај Верона, обично е место на тишина и релаксација: топли извори, мирни базени, сауни и дури и снежна одаја за ладење. Но оваа есен, една недела таму владее сосема поинаква атмосфера — истата сауна која обично е оаза на мир сега трепери под басови од електронска музика и е преполна со над 200 голи луѓе кои се туркаат да влезат на шоуто „Ауфгус ВМ“ (Aufguss WM), светското првенство во сауна-театар.

Запознајте се со 19-те мачки на Марк Твен

Иако неговите книжевни дела се предмет на бесконечни критички анализи, една работа е многу едноставна: Марк Твен ги сакал мачките многу повеќе од луѓето и тоа го искажувал отворено. Една од неговите познати духовити забелешки е дека кога човекот би можел да се „вкрсти“ со мачка, тоа би го подобрило човекот - но би ја расипало мачката.

Што е факт, а што измислено во новата серија за атентатот на американскиот претседател Гарфилд?

„Смрт од гром“ е нова историска серија на Нетфликс која го оживува краткиот, но драматичен мандат на американскиот претседател Џејмс А. Гарфилд и неговото убиство од Чарлс Гито. Во само четири епизоди успеваме да ги запознаеме не само овие интересни ликови, туку и историскиот контекст во коj се одвива драмата. 

Koга колегите го спасиле писателот Жан Жене од доживотен затвор

Романсиер, драматург, есеист и политички активист. Жан Жене исто така бил и ситен криминалец, багабонт. Откако по десетти пат бил осуден за кривични дела, што во 1940-тите во Франција автоматски повлекувало доживотен затвор, неколку негови славни колеги се кренале да го бранат, потпишувајќи петиција до тогашниот претседател на државата.

Америка го добила името според унгарски католички светец?

Повеќето знаат дека Америка го носи името од италијанскиот морепловец Америго Веспучи – човекот кој меѓу првите сфатил дека Колумбо не стигнал до Азија, туку до нов континент. Но помалку е познато дека и самото име Америго можеби има средновековни, католички корени.

„Парасоцијален“ е збор на годината според речникот Кембриџ

Однос во кој една личност чувствува блискост, пријателство или емоционална врска со некој кого реално не го познава – најчесто славна личност, инфлуенсер или дури фиктивен лик - се нарекува „парасоцијален“. Притоа, врската е еднострана - ти знаеш многу за нив, тие не знаат ништо за тебе. Ама тоа „знаење“ е исто така илузија.

Дали доктор Аспергер бил визионер или нацист?

Авторката на нов историски роман под наслов „Девојчето со кутиите со чкорчиња“ ја истражува контроверзната биографија на човек кому му ги должиме првите увиди во она што го нарекуваме аутистичен спектар, но кој (веројатно) соработувал со нацистите. Дали може да биде некој истовремено и визионер и злосторник?

Како „Франкештајн“ на Мери Шели ја предвиде вештачката интелигенција?

Можно е да постои иднина во која ВИ ќе има свест и интелектуални способности многу поголеми од човечките. Интересно е што Шели го предвидува ова пред да постои машинско учење: суштеството на Франкенштајн самостојно учи јазик и комуникација, набљудувајќи едно семејство преку пукнатина во ѕидот. Тој функционира речиси како алгоритам што брзо акумулира знаење.

Луѓето и предметите на „Порцеланка“ - изложба која ќе ви ги врати спомените на бабините креденци

На нашите пазари и бувљаци, на импровизирани штандчиња од картони и гајби, понекогаш може да наидете на супиери, вазни или чајници кои потсетуваат на едно друго време, кога порцелански садови имаше речиси секое семејство - ако ништо друго, за да стојат зад стаклените витрини и да се користат само на голем празник. Тековна изложба им оддава признание на дизајнерите, декоратерите и воопшто на работниците од фабриката што ги произведуваше во некогашниот фабрички гигант.

Кристофер Нолан употребил над 600 километри филмска лента за „Одисеј“

Новиот филм за легендарниот јунак, кој е во постпродукција, е сниман четири месеци на море, на реални локации и во исти такви услови. Користен е големиот Имакс формат, кој „јаде“ повеќе лента од стандардниот 35мм филм. Многу повеќе лента. 

Жални врби, вградени прамени коса: историја на накитот кој се носи во време на жалост

Носењето посебно изработен накит по загуба на близок претставува интимен чин кој поттикнал изработка на декоративни парчиња со мотиви на смртта, како черепи, урни или тажни врби и со материјали како црн емајл или вплетена човечка коса. Преку вековите, ваквиот накит открива како општествата се соочувале со загубата и како луѓето јавно ја манифестирале својата тага.

Колку трае прекинот помеѓу два стиха?

Новиот ред во поезијата е најмистичната и најпроменлива интерпункција, бидејќи нема фиксна функција. Стихот оттаму станува „делче од светот кое е откршено за да може тој подобро да се види“, а новиот ред кој го дели од следниот таков фрагмент не е подолг од половина запирка.

„Проблемот Озма“ или како да му објасниш што е „десно“ на суштество од друга планета?

Ако треба да ја објасните разликата меѓу десно и лево, најверојатно ќе ги покажете рацете и ќе кажете која е која. Во тој случај, десното и левото се дефинираат само преку нивната меѓусебна врска — и со гест преку кој покажуваме како се разликуваат. Но ако треба истото да се објасни само со зборови, без да се користат зборовите „десно“ и „лево“ и без да се покаже, задачата станува речиси невозможна. Тоа открива дека разликата меѓу десно и лево не е толку едноставна како што изгледа.

Некои музеи ја имаат Мона Лиза, други имаат - зелка

Направен е од жад, а висок (или долг) е само 19 сантиметри. Предметот навидум не е „кој знае што“, но има големо симболичко значење за историјата на Тајван, особено од доцните 1940-ти, кога припадниците на Куомитанг морале да се повлечат од Кина губејќи ја војната од комунистите. Тогаш со себе ја зеле и оваа зелка, која денес се појавува на поштенски марки и сувенири. 

Човекот што го измисли Бамби

Иако денес „Бамби“ е позната како нежна приказна за едно срнче и неговите шумски пријатели, нејзиниот автор ја замислил како новела за возрасни. Во „омекната“ верзија стигнала до нас затоа што нејзиниот преведувач на англиски не го владеел доволно германскиот, па си ја менувал содржината. Откако била откупена од страна на Дизни, кој ја преработил во цртан филм, речиси и се загубила врската со нејзиниот оригинален автор. 

11 секојдневни зборови кои всушност потекнуваат од научната фантастика

Јазикот постојано се менува, а нови зборови се појавуваат од најразлични извори. Некои се преземени од други јазици (како „караоке“ - oд јапонскиот, со буквално значење „празен оркестар“), други се создадени со спојување на два збора („думскролинг“), а некои се едноставно скратени („декаф“). Бидејќи јазикот е алатка на писателите, не е чудно што голем број нови зборови првпат се појавиле токму во книжевноста.

Букбокс читанка: „Погонот“ од Нини Холмквист

Одамна немаме прочитано нешто што не сме сакале да заврши, не затоа што зборува за убави нешта, туку затоа што е мајсторски направено, длабоко човечно и оттаму неизбежно тажно. Двата опишани света, оној во „погонот“ на рециклирање човечки тела и оној вон него, не се среќни. Па сепак, дури и во една таква сурова средина се можни мигови на блискост и тивка радост, што му дава смисла на бесмисленото.

Страв во воздухот: хемиски критериум за тоа дали некој филм е „хорор“

Изопренот е соединение што се создава во мускулите и се ослободува преку дишењето и преку кожата, особено кога сме напнати. Оттаму, концентрацијата на изопрен во воздухот може објективно да го покаже која возраст е соодветна за гледање на филм и колку тој е генерално страшен.

Како се разликува новиот филм „Франкенштајн“ од книгата?

Новата адаптација на Гиљермо дел Торо повторно ја оживува приказната за еден од најпознатите митови во светската книжевност — „Франкенштајн, или современиот Прометеј“ на Мери Шели. Тоа е едно од најчесто адаптираните во филмската историја, од Борис Карлоф и Мел Брукс до Џин Вајлдер и Кенет Брана, а наскоро се очекува и нова верзија од „Невестата на Франкештајн“ на Маги Гиленхол. 

Почина Џејмс Вотсон - генијот што ја дешифрираше ДНК, но не и сопствените заблуди

На 97 години почина човекот кој заедно со Френсис Кирк на светот му го открија кодот кој ги гради и ги одржува живите суштества. Но генијалноста во науката понекогаш оди рака под рака со контроверзност на други полиња. Во случајот на Вотсон тоа ќе остане вградено во неговата социјална ДНК уште долго време по смртта. 

Времињата (не) се менуваат: песна на Дилан отстранета од видео на Мамдани

Издавачката куќа Јуниврзал ја отстрани песната на Боб Дилан од промотивното видео на новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, велејќи дека не сакаат да ги лиценцираат неговите композиции за „проекти поврзани со политички личности“.

Дали живееме во златното доба на глупоста?

Кога машината ќе ви даде одговор, се активира тн. „ефект на сидрото“ - умот автоматски се вкопува во место и престанува да бара други решенија. Токму поради ова, ВИ може да ја подобри свеќата, но никогаш нема да ја измисли сијалицата. 

Вез со крилца од бубачки: сјај, мода и колонијализам

Везењето со крилца од бубачки – познато и како вез со елитри – станало познато во Индија во 18 век, а потоа било преземено од Британците. Во Викторијанска Англија, како и во Америка и Австралија, елитните дами носеле памучни фустани извезени со илјадници сјајни елитри што блескале како смарагди – симбол на богатство, моќ и космополитизам.