
фото: Εpa Images
Депресивен шарм, бизнис безнадежност и бастеркитоновска комичност - сите овие се препознатливи карактеристики на Стујарт, еден од споредните ликови во „Биг бенг тиори“, без кого сепак таа не би била тоа што е.
После Шелдон кој доби свој спин-оф, додуша како приквел и во детска варијанта, сега се подготвува нова серија токму посветена на Стујарт. Таа првпат беше најавена како проект во развој во април 2023 година. Во неа ќе настапуваат познати ликови од оригиналната серија, а креатори се Чак Лори, Зак Пен и Бил Пради.
Од ХБО го објавија само следниов синопсис:
Сопственикот на продавница за стрипови, Стујарт Блум (Сасман), по грешка уништува направа создадена од Шелдон и Ленард, предизвикувајќи мултиверзумска апокалипса. Тој мора да ја спаси реалноста со помош на неговата девојка Денис (Лапкус), геологот Берт (Посејн) и квантниот физичар и вечен мрчатор Бери Крипке (Бауи). Притоа ќе сретнат алтернативни верзии на ликовите од „ББТ“ и како што навестува насловот – работите не одат баш најдобро.
И покрај дел од препознатливите ликови, серијата визуелно ќе биде многу различна од „неколку души на кауч со кафе“. Најавено е дека ќе има Си-џи-ај и технички ефекти и внесување научна фантастика и фантазија во комичните сцени.
Еве некои од најдобрите појавувања на Стујарт во оригиналната серија. Оние кои ја гледале знаат за пресвртот кога тој почнува да живее кај Хауард и мајка му по пожарот во продавницата. Нештата веќе никогаш нема да бидат исти:)