Франческо Лентини - човекот со вистинска трета нога

Намерно го ставивме името во наслов, за да не излезе дека тој (насловот) е за некаков расказ или друга фантазмагорија. Ама понекогаш животот ја надминува фантазијата.

Роден на 18 мај 1881 во Росолини на Сицилија, во семејство со 12 други деца, Франческо Лентини имал ретка „состојба“ - три нозе и два комплета гениталии. Една од претпоставките е дека ова се должи на тоа што уште во матката имал тн. „паразитски двојник“, редок тип на сијамски близнаци каде еден фетус се развива некомплетно и е споен со целосно оформен близнак, на кого во случајов му ги позајмил „вишок“ деловите. 

На осумгодишна возраст го преселиле во САД каде настапувал како „Големиот Лентини“ во различни циркуски и карневалски претстави, и тоа кај најпопуларните како П.Т. Барнум и шоуто на Бафало Бил (за ова види претходно тука). Една од точките се состоела од шутирање фудбалска топка по сцената, па оттаму и неговото сценско име - „Триножниот фудбалер“. 

Нозете му биле со различна должина - една 99 цм, другата 97, а третата 91, со тоа што последнава била завртена накај телото (тн. „клабфут“). На шега велел дека поради ова, иако има три нозе, сепак нема ниту еден пар. Ама гениталиите изгледа му биле ок, бидејќи имал две сопруги и четири деца. Си дочекал и релативна старост - починал од слабост на белите дробови во 1966, на 77 години. 

Aко се сеќавате на  The Greatest Showman од 2017, неговиот лик се појавува во филмот. А еве и како изгледал на фотографии и плакати од тоа време:

15 јули 2025 - 10:09