
На 8 мај 1942 година, американската морнарица водела клучна битка против јапонската флота која се упатила кон Порт Морсби – стратешка точка кон австралиското копно. Јапонија тактички победила, а американскиот носач на авиони, Лексингтон, кој тогаш претставувал една четвртина од носачките капацитети на САД во Пацификот, бил целосно оневозможен.
Кога капетанот сфатил дека бродот е изгубен, издал наредба за евакуација. Од 2.735 морнари, повеќето биле спасени, но неколкумина задоцниле затоа што биле зафатени со последната „мисија": празнење на фрижидерот со сладолед. Толкава била моќта на сладоледот врз американските морнари.
Позната е изреката на Наполеон дека армијата не маршира на нозе туку на полн стомак. За американската во текот на Втората светска војна бил потребен дури и десерт. Ова било сфатено толку сериозно што војската, морнарицата и млекарската индустрија на САД соработувале за да обезбедат сладолед секаде кадешто имало.
Не може да се каже дека сладоледот ја добил војната, но има причина зошто САД организирала флота за дистрибуција на сладолед, па дури и пловечки сладоледарници. Еден од нив бил БРЛ (Barge, Refrigerated, Large) – погон што можел да произведе 500 галони сладолед (речиси 2000 литри) и да складира уште 1.500.
Неколку нешта се случиле пред Втората светска војна што го направиле сладоледот подостапен и популарен. Нови технологии овозможиле брзо и лесно производство – некои машини правеле сладолед за само пет минути. Тогашниот сладолед бил далеку од рачното производство со сол и мраз од 19 век, а веќе се продавал во различни вкусови и пакувања.
Иако прохибицијата завршила пред војната, производството на алкохол оставило празнина што морала да се пополни. Некои пиварници почнале да прават сладолед, а салуните биле заменети со содаџилници. Од 1916 до 1925 година, потрошувачката на сладолед пораснала за 55%. Ниту крајот на прохибицијата, ниту Големата депресија не ја запреле американската опседнатост со сладолед. Кога САД влегле во Втората светска војна, тој станал вистински „морал бустер“.
Американската морнарица веќе од 1914 година (значи пред прохибицијата) забранила алкохол на бродовите. „Дупката“ што ја оставило отсуството на пијачки морала некако да се пополни. Офицерите си знаеле - ако не им дадеш нешто на младите војници за поткревање на моралот, тие ќе си се снајдат самите, што може да тргне на лошо. Затоа, ваквиот системски пристап бил сметан за контролиран и корисен.
Воздухопловците користеле празни седишта на бомбардерите Б-17 како замрзнувачи, на височини каде што температурата паѓала до -25°C. Морнарички и марински пилоти мешале кондензирано млеко и какао во резервоари за гориво, па по летот се враќале со сладолед во тропски или пустински услови.
Еден од соработниците на заменик-секретарот на морнарицата, Џејмс Форстал, напишал дека „сладоледот е најпотценетиот фактор за победа“. Тој наредил сите поголеми бродови да добијат „геданк бар“ – поим за сладолед меѓу морнарите од Втората светска војна. Сладоледот не само што обезбедувал калории и разладување, туку и (детска) радост.
Ривалството меѓу армиските служби дополнително ја зголемило дистрибуцијата. Армијата развила дехидриран сладолед што можел да се меша со овошје или бонбони. Паралелно, се правеле 80 милиони галони свеж сладолед со мобилни машини за војниците на сите фронтови. Во 1945, додека сојузниците се подготвувале за влез во Германија, армијата градела фабрики за сладолед доставувани директно до рововите.
Морнарицата не сакала да заостане вложила еден милион долари (околу 17,2 милиони денешни долари) за да претвори еден брод во пловечка сладоледарница. Производела по 10 галони на секои седум минути, а потоа сладоледот се носел на помали пловила до секоја точка во Пацификот каде имало војници.
Секако, не секому му се допаѓал овој тренд. По војната, полковникот Луис „Чести“ Пулер, наводно, го нарекол сладоледот „храна за лигави мажи“ и барал враќање на пивото и вискито. Но новоформираното Министерство за одбрана сепак му останало верно на сладоледот.