Bookbox

Сега некои од помладите ќе мислат дека нешто измислуваме и дека зборуваме за некој далечен, бушмански јазик. Всушност станува збор за израз кој „на времето“ (поранешна Југославија) често се среќаваше во стрипови и цртани на српско-хрватски. Но никогаш не сме се запрашале што значи.

Француската револуција не донела само политички и општествени промени, туку поттикнала и вистинска лавина од идеи за тоа како информациите побрзо и појасно да стигнат до народот. Во време кога една погрешно разбрана порака можела да има кобни последици, пронаоѓачите барале нови начини за пренесување на говорите, вестите и револуционерните идеи. Иако повеќето од овие необични уреди никогаш не биле реализирани, тие претставуваат фасцинантен доказ за тоа колку комуникацијата станала клучен дел од револуционерниот проект.

Како е да си краставица?

Што ако интелигенцијата не е привилегија само на луѓето и животните со мозок? Што ако клетките, органите, па дури и едно растение имаат сопствен начин на „размислување“? Токму ваквите прашања ги поставува американскиот биолог Мајкл Левин – еден од најконтроверзните и највлијателните научници во областа на развојната биологија и регенеративната медицина. Неговите идеи предизвикуваат бурни дебати, но и отвораат сосема нови погледи кон животот, свеста и можностите на човечкото тело.

Кој е тој „слон во собата“?

Денес оваа фраза се користи во англискиот но и во други јазици кога зборуваме за очигледен проблем што сите го забележуваат, но никој не сака да го спомене. Сепак, малкумина знаат дека нејзините корени водат кон филозофски расправи, руска приказна и книжевност од 19 век.

Смртта на еден ирски трубадур

Ирскиот музичар, кантавтор и добитник на „Оскар“ Глен Хансард, кој трагично загина во сообраќајна несреќа на 56-годишна возраст, зад себе остави богато музичко наследство и репутација на еден од најискрените современи трубадури.

Како „Франкештајн“ на Мери Шели ја предвиде вештачката интелигенција?

Можно е да постои иднина во која ВИ ќе има свест и интелектуални способности многу поголеми од човечките. Интересно е што Шели го предвидува ова пред да постои машинско учење: суштеството на Франкенштајн самостојно учи јазик и комуникација, набљудувајќи едно семејство преку пукнатина во ѕидот. Тој функционира речиси како алгоритам што брзо акумулира знаење.

Луѓето и предметите на „Порцеланка“ - изложба која ќе ви ги врати спомените на бабините креденци

На нашите пазари и бувљаци, на импровизирани штандчиња од картони и гајби, понекогаш може да наидете на супиери, вазни или чајници кои потсетуваат на едно друго време, кога порцелански садови имаше речиси секое семејство - ако ништо друго, за да стојат зад стаклените витрини и да се користат само на голем празник. Тековна изложба им оддава признание на дизајнерите, декоратерите и воопшто на работниците од фабриката што ги произведуваше во некогашниот фабрички гигант.

Кристофер Нолан употребил над 600 километри филмска лента за „Одисеј“

Новиот филм за легендарниот јунак, кој е во постпродукција, е сниман четири месеци на море, на реални локации и во исти такви услови. Користен е големиот Имакс формат, кој „јаде“ повеќе лента од стандардниот 35мм филм. Многу повеќе лента. 

Жални врби, вградени прамени коса: историја на накитот кој се носи во време на жалост

Носењето посебно изработен накит по загуба на близок претставува интимен чин кој поттикнал изработка на декоративни парчиња со мотиви на смртта, како черепи, урни или тажни врби и со материјали како црн емајл или вплетена човечка коса. Преку вековите, ваквиот накит открива како општествата се соочувале со загубата и како луѓето јавно ја манифестирале својата тага.

Колку трае прекинот помеѓу два стиха?

Новиот ред во поезијата е најмистичната и најпроменлива интерпункција, бидејќи нема фиксна функција. Стихот оттаму станува „делче од светот кое е откршено за да може тој подобро да се види“, а новиот ред кој го дели од следниот таков фрагмент не е подолг од половина запирка.

„Проблемот Озма“ или како да му објасниш што е „десно“ на суштество од друга планета?

Ако треба да ја објасните разликата меѓу десно и лево, најверојатно ќе ги покажете рацете и ќе кажете која е која. Во тој случај, десното и левото се дефинираат само преку нивната меѓусебна врска — и со гест преку кој покажуваме како се разликуваат. Но ако треба истото да се објасни само со зборови, без да се користат зборовите „десно“ и „лево“ и без да се покаже, задачата станува речиси невозможна. Тоа открива дека разликата меѓу десно и лево не е толку едноставна како што изгледа.

Некои музеи ја имаат Мона Лиза, други имаат - зелка

Направен е од жад, а висок (или долг) е само 19 сантиметри. Предметот навидум не е „кој знае што“, но има големо симболичко значење за историјата на Тајван, особено од доцните 1940-ти, кога припадниците на Куомитанг морале да се повлечат од Кина губејќи ја војната од комунистите. Тогаш со себе ја зеле и оваа зелка, која денес се појавува на поштенски марки и сувенири. 

Човекот што го измисли Бамби

Иако денес „Бамби“ е позната како нежна приказна за едно срнче и неговите шумски пријатели, нејзиниот автор ја замислил како новела за возрасни. Во „омекната“ верзија стигнала до нас затоа што нејзиниот преведувач на англиски не го владеел доволно германскиот, па си ја менувал содржината. Откако била откупена од страна на Дизни, кој ја преработил во цртан филм, речиси и се загубила врската со нејзиниот оригинален автор. 

11 секојдневни зборови кои всушност потекнуваат од научната фантастика

Јазикот постојано се менува, а нови зборови се појавуваат од најразлични извори. Некои се преземени од други јазици (како „караоке“ - oд јапонскиот, со буквално значење „празен оркестар“), други се создадени со спојување на два збора („думскролинг“), а некои се едноставно скратени („декаф“). Бидејќи јазикот е алатка на писателите, не е чудно што голем број нови зборови првпат се појавиле токму во книжевноста.

Букбокс читанка: „Погонот“ од Нини Холмквист

Одамна немаме прочитано нешто што не сме сакале да заврши, не затоа што зборува за убави нешта, туку затоа што е мајсторски направено, длабоко човечно и оттаму неизбежно тажно. Двата опишани света, оној во „погонот“ на рециклирање човечки тела и оној вон него, не се среќни. Па сепак, дури и во една таква сурова средина се можни мигови на блискост и тивка радост, што му дава смисла на бесмисленото.

Страв во воздухот: хемиски критериум за тоа дали некој филм е „хорор“

Изопренот е соединение што се создава во мускулите и се ослободува преку дишењето и преку кожата, особено кога сме напнати. Оттаму, концентрацијата на изопрен во воздухот може објективно да го покаже која возраст е соодветна за гледање на филм и колку тој е генерално страшен.

Како се разликува новиот филм „Франкенштајн“ од книгата?

Новата адаптација на Гиљермо дел Торо повторно ја оживува приказната за еден од најпознатите митови во светската книжевност — „Франкенштајн, или современиот Прометеј“ на Мери Шели. Тоа е едно од најчесто адаптираните во филмската историја, од Борис Карлоф и Мел Брукс до Џин Вајлдер и Кенет Брана, а наскоро се очекува и нова верзија од „Невестата на Франкештајн“ на Маги Гиленхол. 

Почина Џејмс Вотсон - генијот што ја дешифрираше ДНК, но не и сопствените заблуди

На 97 години почина човекот кој заедно со Френсис Кирк на светот му го открија кодот кој ги гради и ги одржува живите суштества. Но генијалноста во науката понекогаш оди рака под рака со контроверзност на други полиња. Во случајот на Вотсон тоа ќе остане вградено во неговата социјална ДНК уште долго време по смртта. 

Времињата (не) се менуваат: песна на Дилан отстранета од видео на Мамдани

Издавачката куќа Јуниврзал ја отстрани песната на Боб Дилан од промотивното видео на новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, велејќи дека не сакаат да ги лиценцираат неговите композиции за „проекти поврзани со политички личности“.

Дали живееме во златното доба на глупоста?

Кога машината ќе ви даде одговор, се активира тн. „ефект на сидрото“ - умот автоматски се вкопува во место и престанува да бара други решенија. Токму поради ова, ВИ може да ја подобри свеќата, но никогаш нема да ја измисли сијалицата. 

Вез со крилца од бубачки: сјај, мода и колонијализам

Везењето со крилца од бубачки – познато и како вез со елитри – станало познато во Индија во 18 век, а потоа било преземено од Британците. Во Викторијанска Англија, како и во Америка и Австралија, елитните дами носеле памучни фустани извезени со илјадници сјајни елитри што блескале како смарагди – симбол на богатство, моќ и космополитизам.

Ахиловата тетива на анатомијата

Во човечкото тело се „впишани“ имиња на одамна починати анатоми – најчесто Европејци од пред неколку века – чија работа живее преку зборовите што денес ги користиме за нашите коски, органи и мускули. Овие називи, познати како епоними, не го опишуваат органот или структурата, туку го носат името на личноста што прва ја проучувала или опишала.

Дали носењето маица со Џој дивижн е антисемитски чин?

Кога австралискиот премиер Ентони Албанезе неодамна слезе од авион облечен во маица со логото на Џој Дивижн, предизвика политичка бура — помала, но доволна за да се постави прашањето: дали е контроверзно или антисемитски да се носи маица со името на овој бенд и кое е воопшто неговото потекло?

„Младиот Кардамон“ - новиот градоначалник на Њујорк има хип-хоп кариера и познати родители

Зохран Мамдани, демократскиот кандидат кој во изборите за градоначалник на Њујорк го победи Ендрју Комо, е роден во Кампала, Уганда, но уште како дете се преселил со семејството во Њујорк. Негови родители се познатата филмска режисерка Мира Наир и професорот и политички коментатор Махмуд Мамдани од Универзитетот Колумбија, и двајцата дипломци на Харвард. Нивните ставови сигурно влијаеле врз формирањето на првиот муслимански „татко“ на Големото јаболко. 

Во Битола би ја викале Кате Змивчето

Се викала Кетрин, а се презивала Слотербек (Касаповска), што симболично се врзува со нејзиниот најголем животен подвиг - кога наводно сама искасапила повеќе од сто змии отровници кои се заплеткале околу коњите со кои патувале таа и нејзиниот син.

Нова изложба на која можат да се слушнат сликите на Кандински

Василиј Кандински за свои најважни дела ги сметал десетте големи, колоритни и сложени платна од серијата „Композиции“, завршени во 1939 година. Фактот што ги нарекол со збор што вообичаено се поврзува со музиката не е случаен – токму таа врска меѓу музиката и сликарството станала централна во неговиот уметнички развој.

Водич што ги навредува посетителите е хит во музеј во Германија

„Правам да се чувствуваат колку што е можно понепријатно поради своето незнаење“. Ова е тактиката на еден перформативен уметник, чии садо-мазо тури се - расподадени. 

Најголемиот поет на светот кој никогаш не постоел

Двајца конзервативни поети од Австралија во 1940-тите се обиделе да му се потсмеваат на модернизмот, испраќајќи му на уредник на влијателно книжевнот списание дела од измислен поет. Кога измамата излегла на виделина, Харис бил осуден од јавноста, но лажниот поет станал легенда.

Кога си ги бараш назад двата часа гледање филм поради крајот

„Вратете ми го времето што го потрошив и немој случајно да сте го гледале филмов“ - вака гласат голем број пораки поврзани со „Куќа од динамит“ на Нетфликс, кој зборува за опасноста од нуклеарна катастрофа. Авторите го бранат, демек баш крајот бил поентата. Кога почна одјавната шпица ние се фативме како викаме - „Неее!“.