Bookbox

Куќата во австрискиот град Браунау на Ин, во која во 1889 година е роден Адолф Хитлер, од 22 јули официјално стана полициска станица. Одлуката, донесена по долгогодишни расправи и обемна реконструкција, повторно ја отвори дебатата за тоа како треба да се постапува со местата поврзани со нацистичкото минато и како тие да се зачуваат од злоупотреба.

Пред да ги напише своите најпознати романи и да стане еден од најконтроверзните гласови на бит-генерацијата, Вилијам С. Бероуз имал уште една опсесија - древната цивилизација на Маите. Според нови истражувања, писателот драстично ја преобликувал нивната култура за сопствени книжевни цели, но неговите приказни сепак биле вкоренети во академските сфаќања за оваа цивилизација што биле актуелни во времето кога студирал во Мексико. 

Скриената историја на зборот „ментор“

Денес „ментор“ се користи за искусна личност што советува, насочува и им помага на другите да напредуваат. Но малкумина знаат дека овој поим има речиси три илјади години стара историја и потекнува од еден лик во Хомеровата „Одисеја“, каде што улогата на менторот е многу поголема отколку што изгледа на прв поглед.

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Да се најдеш случајно во Солун на денот на премиерата на „Одисеја“ е како да си се нашол случајно во Њуjoрк на финалето на фудбалското првенство. Ако не си од најопседнатите, јасно ти е дека е нешто битно, но не и интензитетот на страстите што ги буди еден ваков настан од, во основа, забавен карактер. Сепак, атмосферата понесува, па ти доаѓа на проекцијата не само да купиш пуканки во специјална изработена „кофа“ во форма на Тројански коњ, туку и да си ставиш шлем на глава.

Геометријата како тајно оружје во фудбалот

Фудбалот најчесто се поврзува со брзина, техника и физичка подготвеност, но зад најдобрите акции често стои и нешто неочекувано – геометријата. Пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, аналитичарите посочуваат дека токму паметното распоредување на играчите и создавањето триаголници при додавањата може да биде една од клучните причини за успехот на шпанската репрезентација.

Човекот со најдолгото име на светот

Американски словослагач (оној што порано ги редел буквите во печатарската преса), се прославил поради своето вонредно долго лично име. Тоа всушност се состои од 27 имиња, секое почнува со различна буква од абецедата, проследено со презиме што во најдолгата оригинално напишана верзија има дури 666 букви. Поради својата комплексност, со текот на времето тоа било објавувано во различни варијанти, често со типографски грешки.

Тајните лондонски тунели што го инспирирале авторот на Џејмс Бонд ќе станат музеј на шпионажата

Под улиците на центарот на Лондон, на 30 метри длабочина, се протега мрежа од тајни тунели кои во Втората светска војна служеле како база за шпионска активност. Денес, тие тунели - некогаш користени од британската Служба за специјални операции и инспирација за култниот „Кју“ огранок во романите за Џејмс Бонд - добиваат нов живот како Музеј за воено разузнавање и шпионажа.

Моќта на прашањето: како Сократ би користел ChatGPT?

Пред речиси 2.500 години, Сократ шетал низ Атина, поставувајќи прашања што ги предизвикувале логиката, моралот и уверувањата на луѓето. Денес, мислиме дека правиме нешто слично кога разговараме со вештачка интелигенција. Но што ако, наместо да бараме да ни заврши некоја работа и да ни даде брзи одговори, пристапиме кон дијалог со неа на сократовски начин?

„На убавиот син Дунав“ во вселената по повод 200-годишнината од раѓањето на Штраус

Легендарниот валцер на Јохан Штраус ќе биде испратен во длабоката вселена во сабота, 31 мај, како дел од прославата на 200 години од раѓањето на австрискиот композитор и 50 години од основањето на Европската вселенска агенција (ESA).

Новозеландска библиотека воведува систем на класификација според маорската традиција

Во ерата на глобализација и културна разновидност, традиционалните библиотеки се стремат да ги прилагодат своите системи кон заедниците што ги опслужуваат. Една од нив е библиотеката „Те аве“ во Велингтон, Нов Зеланд, која започна со имплементација на иновативен систем за класификација на маорската литература – инспириран од древното знаење и митологија на маорскиот народ.

„Идиотска приказна“: кога сите ликови се глупави, само за да има заплет

Во книжевната и филмската критика, постои еден необичен термин. Се користи за да се опишат оние приказни кои се движат напред само затоа што сите ликови во неа се однесуваат како идиоти — односно, се неспособни да забележат очигледни работи, или пак намерно избегнуваат да кажат нешто што веднаш би го решил конфликтот. Ако не беа толку „наивни“, заплетот воопшто не би постоел.

Бил контроверзна личност - џуџе и џин

Се сеќавате на онаа реплика од претставата „Радован Трети“ - „беше контроверзна личност, сув и дебел?“. Епа, запознајте го Адам Рајнер.

Јапонија воведува правила против „откачени“ бебешки имиња

„Киракира“ се откачени или „светкави“ имиња кои им се ставаат на бебиња во Јапонија, така за да отскокнуваат од другите. Истите предизвикуваат проблем затоа што често употребуваат ретки или креативни симболи. Иако на младите родители им се чинат слатки и тренди, други ги критикуваат како застранување од традицијата, но и проблематични за читање. 

Валкан танц - вистинска

Шоџи Јамасаки имитира пластични ќеси и друг отпад поставувајќи се во просторот со кореографија (и костимографија) така за човекот да личи на ѓубре, или обратно. Кај нас би имал доста инспирација, ама кој знае дали би постигнал со движењата. 

Почина Алесдер Мекинтаир, филозофот што ја врати доблеста во етиката

Еден од најзначајните морални филозофи на модерното време, Мекинтаир почина на 96-годишна возраст. Тој остави длабока трага во современата филозофија со враќањето на доблестите како централна етичка категорија. Во време кога модерната етика беше доминирана од тоа што е „добро“ во практична смисла, неговата критика и визија понудија нова (подобро речено, обновена) насока на размислување.

Букбокс гледаше: „Најсреќниот човек во Америка“ (2025)

Нова филмска приказна инспирирана од вистински настан ја оживува сагата за Мајкл Ларсон — човекот кој во 1984 година ја надмудрил телевизиската игра „Испробај си ја среќата“ и освои над 110.000 долари. Но дали навистина се усреќил?

Фикцијата како реалност: како спомените од филмови, серии и игри ни влијаат како вистински доживеани настани

Дали некоја сцена од филм, серија или видео-игра ви останала во сеќавање како да сте ја доживеале лично? Според нови психолошки истражувања, ваквите „фиктивни“ спомени можат да бидат исто толку живи и емотивно значајни како спомените од нашиот реален живот.

Виктор Иго знаел и да црта!

Кралската академија во Лондон ја отвори изложбата „Восхитувачки нешта: цртежите на Виктор Иго“ (Astonishing Things: The Drawings of Victor Hugo), која нуди редок увид во визуелниот свет на славниот француски писател.

Скандал на Редит: Истражувачи тајно објавувале ВИ-коментари за да ја тестираат моќта на убедување

Редит, платформата што се гордее со тоа што е управувана од корисниците, се најде во центарот на жестока полемика откако се откри дека истражувачи од Универзитетот во Цирих тајно учествувале во популарен „сабредит“, објавувајќи коментари генерирани од вештачка интелигенција, без знаење на заедницата. Сега, уредниците и корисниците што мислеле дека коментарите се од луѓе се збеснати.

Весници објавија список со лажни наслови на книги како препораки за летово

Секако, претпоставувате - насловите на делата се генерирани од вештачка интелигенција. Но бидејќи авторите се реални, човек лесно може да помисли дека станува збор и за вистински список.

Букбокс интервју со историчарката Ивана Хаџиевска: „Нештата не се толку комплицирани за да се објаснат“

По повод излегувањето на нејзината збирка есеи „Суспендирана итност“, во издание на Илика, зборуваме со историчарка која наспроти стереотипите за оваа професија кај нас, има поинаков, интердисциплинарен пристап кон толкувањето на минатото, кој се одликува со нагласен хуманизам.

Индиска авторка добитничка на Меѓународниот Букер

Писателката, правничка и активистка Бану Мустак влезе во историјата со тоа што стана првиот автор награден со престижната Букерова награда кој пишува на јазикот канада. Признанието ѝ се доделува за збирка раскази за тешкиот живот на жените во јужна Индија.

„Проблематичните“ металци од 80-тите израснаа во ок луѓе

Во 1980-тите години, додека поп и рок музиката доживуваа невидена експанзија, во сенката на гламурот и гитарските рифови се водеше една културна и политичка битка. Главниот фронт беа загрижените родители. Но нивните деца, оние со долги коси и „проблематично“ однесување, според една студија денес се посреќни од своите врсници.

Првиот „гркољубец“: како германски професор станал авторитет за Грција под турска власт без да мрдне од дома

Иако никогаш не отпатувал во Грција, од своето училиште во Тибинген еден лутерански учител посветил речиси 40 години на собирање информации за животот на Грците под османлиска власт. Неговата работа го направила еден од првите и најпосветени европски „филхелени“ – љубители на грчката култура.

Сигурно ќе ви се верува: зошто онлајн насловите стануваат подолги и понегативни?

Истражувачи од Институтот Макс Планк за човечки развој кои анализирале околу 40 милиони наслови на англиски јазик во тек на две децении заклучиле дека тенденцијата на насловите е да бидат атрактивни за кликање а не да го запазуваат новинарскиот квалитет.

Филмови од рачно пишувани сценарија без мејлови: ново движење на филмаџии - Догма 25

Нов колектив кој на тековниот Кански фестивал излезе со манифест во 10 точки сака да ја реформира современата кинематографија онака како што на времето тоа го правеа Ларс фон Трир и Томас Винтерберг со Догме 95.

Букбокс гледаше: „Мрачен град“ (1998)

Го нарекуваат „најдобриот научно-фантастичен филм што не сте го гледале“. И навистина, филмот на Алекс Пројас е вистинско „ноар“ доживување, како да сте внатре во стрип, ама од оние мрачните.

Кој пее, зло мисли: кога пеењето било забрането

Калвинистичките реформатори во Женева од 16 век ги казнувале луѓето за „неморално“ однесување. На пример за пеење. Кој знае како би им било да знаат дека во моментов во Швајцарија се одвива најголемиот фестивал на песна на Евровизија.

Исто како да сте на Бродвеј: Си-ен-ен ќе ја пренесува во живо претставата на Џорџ Клуни „Добра ноќ и со среќа“

Во март во театарот Винтер гарден во Њујорк, Џорџ Клуни ја постави својата претстава направена според истоимен филм кој го режираше во 2005. Дваесет години подоцна, таа ќе оди на телевизија во историски пренос. Планирајте ја сабота, 7 јуни во 1 наутро.