„Кога мојот ментор за докторска ми го препорача овој класик од областа на генералната релативност, не бев подготвен за толку широкиот опсег на нешта за кои би можел да го употребам!
Тонејќи во страници и страници од ова ремек-дело, од наодите на специјалната релативност до диференцијалната геометрија која ја сочинува нејзината основа, до поглавјата за гравитациски бранови кои ја предвидуваат ерата на астрономијата на гравитациски бранови која ја живееме денес, многу бргу сфаќате дека вистинската убавина на овој учебник всушност е вон неговите страници. Навистина, веднаш по неговото купување, па до денес (значи околу два месеца), ми стана јасно дека дадените пари ми се исплатат дури и без воопшто да ја отворам мастило-црната корица.
Од мазната, тактилна површина, до нејзините цигла-димензии, ја користам „Гравитација“ многу почесто од она на што се надевав. Навечер, по долг ден на исцрпувачки Зум-повици, таа е масичката на која ги празнам џебовите или оставам други книги. Претходно, вратот постојано ме болеше од наведнување кон сината светлина на мојот лаптоп. Со „Гравитација“, си обезбедив одлична подлога, а вратот повеќе не ме боли. Кога зглобот ме врти од целодневното посегнување по маусот, го ставам на „Гравитација“ и сфаќам дека Миснер, Торн и Вилер одново успеваат во својата задача. Ова мајсторско напишано дело на овие автори го излечија мојот зглоб. Кога требаше да ставам потпирач на вратата, за да стои отворена, други учебници (како една друга „Гравитација“ од Хартл) никогаш не беа достојни за таа задача. Вратата си се затвораше, а јас врескав - „Зошто, Боже? Зошто не ми даде учебник со доволна маса неопходна да ја држи оваа врата отворена?“
Се сеќавам кога едно сончево јулско утро „Гравитација“ пристигна на мојот праг. Веднаш штом ја почувствував во рацете, знаев: моите молитви се услишани. Драги пријатели, ви ги упатувам моите највисоки препораки да ја купите.“
Ник О. на Амазон