Bookbox

Покрај малиот број автори кои „успеваат во животот“ и можат не само да се издржуваат туку и добро да печалат од својата работа, мнозинството кои пишуваат затоа што не можат а да не го прават тоа работат нешто друго во таканаречениот секојдневен живот. Голем број од нив биле толку сиромашни што да можат да се разбудат денес би се чуделе што во меѓувреме нивните книги станале класици.

Ретко ни се случува да не знаеме како да почнеме осврт, но тоа обично е добар знак - дека нештото е повеќеслојно, тешко за доловување низ рационалните алатки на текстот и такво кое мора самиот да го видиш за да сфатиш за што воопшто станува збор. Со тазе изгледана последна епизода од нешто што и не веруваме дека би имало следна сезона, почетокот би можел да гласи - догледајте го ова и покрај тоа што на моменти ќе сакате да го од-видите.

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

Хиени и жаби: Стив Коупленд од „Полис“ со нов албум со звуци од дивината

Вчера, 20.04., излезе албумот „Див концерт“, кој балансира на граница меѓу звукот, науката и екологијата. Во центар на оркестарска композиција се гласови на животни. Но тој не е замислен само како експериментална форма, туку и како силна порака за кревкоста на животната средина и итноста од нејзино зачувување.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

100 години квантна механика: како алергија на еден физичар довела до научна револуција?

Хелголанд е мал германски остров во Северното море, опкружен со карпи и познат по неговиот „сладок“ воздух. На него има град и пристаниште, а околу 1000-те жители зборуваат необичен дијалект. Местото е влезено во историјата по тоа што летото 1925-та, тогаш 23-годишниот физичар Вернер Хајзенберг заминал таму на терапија, да се извлече од тешката алергија на полен и трева којашто го мачела. А и за да реши уште еден „мал“ проблем - оној на реалноста.

Букбокс читанка: „Фабриката“ од Хироко Ојамада

Опишана како „еден од најмоќните необични млади гласови во Јапонија“, Ојамада игра на тенката линија помеѓу реалноста на животот и работата во корпоративниот капитализам и искривоколчениот и апсурден опис на модерниот живот. Резултатот е малку морничав, малку трагичен, а и малку смешен.

Во Токио може да платите за да крадете

Настанот се вика „Тивка кражба“ и неговата цел е навидум од забавна природа. Сепак, има тука и нешто тераписко во тоа да правиш забранети работи, без опасноста да одговараш за тоа. Минатата година се пријавиле 1000 луѓе. 

Неколку нешта во врска со Пи ден 2025 кои нема да се повторат во следните сто години

3/14 е американската транскрипција на денешниот ден, 14 март, кој со години се одбележува како ден на бројот пи. Сепак, оваа година има неколку интересни совпаѓања. 

Семето на Илон Кан

Историскиот поттик одредени мажи да расфрлаат семе низ светот и на тој начин да го шират својот генетски материјал не е сопрен, но нему сега му се пристапува малку поинаку. Денес не мора да парадирате со главите на вашите непријатели низ град или да пиете од нивните черепи. Можете просто да сте богати. 

Кога Салвадор Дали создал морничави постери за сексуално преносливи болести

Денешните постери кои шират свесност за опасностите од користење дроги, алкохол или небезбеден секс вообичаено прикажуваат тинејџер со израз на лицето кој укажува на жалење и „никогаш повеќе“. Тие можеби имаат добра намера, но се досадни. Дали знаел како да направи ваков постер без да биде досаден.

Ново истражување укажува на тоа дека фудбалските тимови се движат како еден човек

Што имаат заедничко албатросите во потрага по храна, флуктуациите на берзата и шемите на расфрлање на семиња кога има ветар? Тоа нешто што ги поврзува овие елементи, според ново истражување, важи и за фудбалските тимови.

Рој Кон: мистериозниот адвокат кој му помогнал на младиот Трамп

Филмот чиј наслов може да се преведе со „Чиракот“ или „Ученикот“ (The Apprentice) изминатава сезона стана популарен поради неколку причини - затоа што неговиот поднаслов е „Приказната за Доналд Трамп“ и содржи делови од неговата биографија, но и затоа што во него учествуваат навистина одлични актери кои беа номинирани за Оскари за своите улоги. Но она што е веројатно најважно во него не е самиот Трамп, туку еден мистериозен лик кој го направил она што денес е.

Јапонскиот „фантомски“ писател кој доминира со топ листите

Јапонските бестселери често се поврзани со практични животни совети, приказни за книжарници и мачки. Но сега во оваа земја почнува нова манија - жанр помеѓу мистерија и хорор, чиј автор е познат под името „Укецу“. И тоа е отприлика сè што се знае за него.

Баталете бегање пред бикови - ова е трчање со ирваси

Фестивалот се одржува секој март, се вика Фур Рандеву, а локацијата е Аљаска. Целта: тркање на луѓе со ирваси, за туристички и хуманитарни цели. 

Писателот кој (наводно) го измислил необичниот спорт - борење со палци

Го викаат „мини-голф на боречките спортови“. Станува збор повеќе за игра за двајца, во која палците се користат за да симулираат борба. Целта е да се спушти палецот на спротивникот и да се изброи до четири. 

Што е тоа „Ердошов број“? - oбновено

Кога во одредена област некој е толку влијателен што има статус на „гуру“, постојат цели генеолошки стебла на луѓе кои се поврзани со него, по тоа и тоа „колено“. Во случајов човекот е Пол Ердош, а областа е математика.

Жабите-женки лажираат смрт за да одбегнат парење со непожелен партнер

Тоа што денес е 8 март можете да го поврзете или не со насловот. Но очигледно природата смислила начин како живите суштества од женски род да се одбранат од поагресивните, а несакани машки партнери - ако не поинаку, а тогаш со лукавство.

„Ќориот Хитлер“ - зошто именувањето инсекти по луѓе не е добра идеја

Ја има во пештери во Словенија и генерално не е нешто „посебно“ - бубачка ко бубачка. Но нејзиното име отвора голема дискусија помеѓу зоолозите дали научните називи на животните, птиците и инсектите треба да содржат човечки имиња.

Како Ејси-диси и Моторхед станаа звуци на Втората светска војна

„Пики Блајндерс“ ги има Ник Кејв и Пи-џи Харви. „Мечката“ има рок за постари. „Сјутс“ има блуз. Но филмовите и сериите за Втората светска војна имаат - метал.

Неколку  најскапи коректорски грешки во историјата

Грешките во пишувањето може да се банални, може да се засрамувачки, но исто така можат да бидат и - скапи.

Како двајца уметници ја развиле истата естетика иако биле разделени со океан и војна

Американецот Александар Калдер и шпанскиот уметник Жоан Миро, на две различни страни на светот и среде Втората светска војна, успеале да создадат неверојано слични дела во својот медиум. Кога и лично се запознале, станале најдобри другари.

Архитектура и балет: брилијантниот кореограф кој внесе танц во Баухаус

Индустриски дизајн или архитектура - движењето Баухаус ретко е поврзувано со танц. Но еден човек ги „превел“ принципите на овој стил во изведба која е исто толку привлечна колку и добро направена столица или зграда. 

Џевата околу вистинскиот Ласло Тот

Ако сте го гледале „Бруталистот“, името на главниот лик во него ви звучи толку познато што целата приказна делува како биографска и за архитект кој навистина постоел. Вистинското изненадување следува кога ќе го изгуглате името, очекувајќи да ви излезе некој што многу личи на Едријен Броди и плус е уметник.

Во Скопје доаѓа музичарот што соработувал со Кокто Твинс и чија музика ја користат Ралф Лорен и Баленсијага

Музичар со 14 албуми зад себе, со глас на Чет Бејкер кој својата љубов кон џезот ја комбинира со раната фасцинација со панкот, трип хопот и нешто што звучи како филмски саундтрак. 

Книгата стара 131 година која го предвиде Трамп

Моравме повеќе пати да ја провериме оваа информација која делува како теорија на заговор. Но таква книга навистина постои, напишана од американски правник. 

Како се претставени архитекти на големото платно?

„Бруталистот “ е прекрасен филм кој во себе спојува приказна за имигрантското искуство, архитектурата и моќта. Самите објекти кои ги гради фиктивниот архитект Ласло Тот (улога за којашто Ендријен Броди го доби Оскарот за главна улога) се подеднакво протагонисти во филмот колку и самите луѓе. Токму поради оваа своја карактеристика, тој се вбројува во релативно малиот број филмови во историјата што го постигнале истото. Но такви сепак има.

Лего со големина на бело крвно зрнце стана најмалата скулптура на планетата

Создадена од микроскопскиот уметник Дејвид А. Линдон, скулптурата има димензии од само  0.0025 cm X 0.0022 cm. Тој е микроскопски уметник, кој работи само ноќе за да одбегне вибрации од автомобили и научил како да дише за да успее да ги намести микроскопските делови и пигменти без да си ги уништи делата. 

Букбокс читанка: „Аларм“ од White Beliot (а.k.a. отец Пимен)

Мала по обем и по формат книга која комбинира два жанра - новела и монодрама - но прави и уште најмалку две работи. Алармира за тоа колку различните титкања и м'мкања на телефонот ни го одземаат вниманието, за повеќе да зборуваме со него и за него отколку со себеси. И изведува интересен експеримент со две верзии на истиот текст.