„Боб спотер“, како што се нарекува проектната алатка не е нешто особено - тоа е пластична кутија прицврстена на врв на бандера во срцето на Мишн дистрикт - едно од најгусто населените и етнички најшарените делови од Сан Франциско. Автор на идејата - Рајли Волц кој има 22 години и измислува чудни проекти, како отворање лажен ресторан, под име Мехранова бифтекарница.
Но спомнатата кутија содржи уште нешто - стар телефон на кој постојано врти Шазам, апликацијата за идентификување музика. Таа тивко ги регистрира музичките вајбови на местото, односно според зборовите на неговиот автор е како жива временска капсула, која ги содржи песните кои може да ги „фати“ од соседните продавници, гласно пуштената музика во автомобил или онаа изведена во живо на истата локација.
Волц вели дека потрошил 100 долари и неколку викенди работејќи на Боб спотер, што го инсталирал користејќи скала на другар среде бел ден на 28 септември. Никој не застанал да го праша што прави.
На кутијата има соларен панел кој му обезбедува напојување на телефонот. Микрофон на дното ги регистрира песните и ги логира на посебен веб-сајт. Тој забележува дури 150 траки дневно, од изведувачи како Темптејшнс, Еванесенс, Селин Дион, но и бендови со долги и необични имиња како „Д Нојз, Бејби раста Гринго Маикол Мануел“. На овој начин се архивира дел од атмосферата и специфичниот пејзаж на овој крај, во конкретен временски исечок.
Инспирирани од проектот луѓе во Њујорк, Бостон и Берлин го исконтактирале Волц за да им помогне во поставувањето на вакви апаратчиња и кај нив.