Meѓународната аукциска куќа Бонамс се надева дека ќе добие најмалку 50.000 долари за мувла стара неколку децении.
Зеленикавиот примерок за којшто станува збор, зачуван во стаклен медаљон, е всушност габа која довела до откритието на пеницилинот од страна на Александар Флеминг во 1928. Тој извршил револуција во борбата против бактериски инфекции, го намалил ширењето на гонореата и се уште е главно оружје против запаление на грлото, ушните и уринарните инфекции.
Роден во 1881, Флеминг бил шкотски микробиолог со репутација на брилијантен истражувач на антисептиците. Истовремено, важел за крајно неуреден и занесен. Додека работел во болницата Сент Мери во Лондон, тој оставал Петриеви садови наоколу полни со мувла, кои стоеле така со недели. Случајно откритие во еден од овие заборавени садови довело до пронаоѓањето на лизозомот, природен телесен ензим кој има ограничена употреба како антибактериско средство.
Во 1928, Флеминг ги проучувал стафилококите, вообичаена бактериска група. Исто така вообичаено, оставил Петриева шоља во својата лабораторија и заминал на одмор. Кога се вратил, забележал дека во садот се формирала мувла од воздухот кој влегол во садот и уништил некои од стафилококите. Откако ја изговорил славната реченица „Ова е чудно“, Флемиг почнал да расте мувла (од родот Пеницилиум) и ја тестирал габата во садови полни со бактерија која предизвикува болести како пневмонија, менингит и скарлатина. Пеницилинот, како што го нарекол Флеминг ова откритие, излегол вистински гладијатор во борбата против бактериите.
Сепак, промоцијата на пеницилинот се случил подоцна, дури откако Ернст Чејн и Едвард Ејбрахам, двајца микробиолози од Оксфордскиот универзитет, нашле начини да го стабилизираат и масовно да го произведат. Во 1945 тројцата ја поделиле Нобеловата.
Флеминг продолжил да расте габи и користел оптички стакла од офталмолошката пракса на брат му за да ги сочува примероците во стакло. Тој им подарувал примероци на блиските, како и на значајни поединци. Така, парче мувла имаат добиено папата Пие 12-ти, Винстон Черчил, Франклин Рузвелт, кралицата Елизабета Втора и Марлен Дитрих. Овој што е сега на продажба веројатно бил подарок на внуката на Флеминг.