Едно од првите прашања кои Гугл ги исфрла кога ќе внесете „лигар“, е „дали ова животно е мит?“.
Одговорот е - не. Историјата на хибридите лав-тигрица датира најмалку од 18 век Во 1798, францускиот природонаучник Етјен Гофрој Сент-Илер, прв пат го спомнал постоењето на потомство на овие две животни. Две лигарчиња родени во 1837 биле изложени пред британскиот крал Вилијам Четврти и неговата наследничка, кралицата Викторија, очигледно како нешто необично и скапоцено. Сепак, името liger не било измислено до 1930-тите.
Лигарот има слабо видливи тигрести шари врз светло-кафено-златесто крзно карактеристично за лавовите. Се верува дека е најголема мачка во светот, при што мажјаците достигнуваат должина од 3-3,5 метри. Женскиот лигар (лигрица?) е плоден и може да има потомци со лав или со тигар, но машкиот е стерилен и не може да се репродуцира.
Овие хибриди најчесто се создадени во зоолошки или во засолништа за животни - сосема е мала шансата дека би биле родени природно, не за друго, туку затоа што тиргите главно се во Азија а лавовите во Африка. Во минатото, кога двата вида биле распространети на многу поширока територија тие можеби се преклопувале и оттаму почесто доаѓало до вакво мешање.
Во моментов се проценува дека бројот на лигари во светот е околу 100.