„Ураган“ всушност бил древен бог кој правел р'шум

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Веројатно би му било мило што неговото име се уште го изговараат милиони луѓе секоја есен. Се вика(л) Хуракан или Хурикан и бил еден од најмоќните суштества во митологијата на древните Маи.

Поконкретно, Хуракан бил некогашен бог на К'иче', едно од племињата во склоп на народот Маи, кое се уште живее на јужните висорамнини на Гватемала. Тој е еден од главните ликови во „Попол Вух“, религиозен текст од 16-тиот век. Неговото име веројатно потекнува од Карибите, каде други култури го користеле за да ја опишат деструктивната моќ на бурите. 

Спомнатото племе го поврзувало Хуракан, што на јазикот к'иче' значи „една нога“, со времето односно со климата. Тој бил истовремено главен бог на создавањето, одговорен за создавањето на животот на земјата, вклучително и на луѓето. Поради ова, тој понекогаш е познат и како „Срцето“ или „искрата“ на небото, изворот на сета мисла и имагинација.

Па сепак, Хуракан не бил совршен. Тој правел грешки па понекогаш си ги уништувал сопствените творби. Бил и љубоморен бог кој им нанесувал штета на луѓето за тие никогаш да не го надминат. Во една таква епизода, тој им го заматил видот, оттаму спречувајќи ги да го видат универзумот онака како што тој го гледал.

Хуракан всушност се манифестирал низ три појави: Хуракан Молњата, Младиот Гром и Ненадејниот Гром. Секој од нив отелотворувал различни типови електрични празнења, од огромни молњи до мали и неочекувани искрења на светлина. 

За древните Маи, молњата односно огнот бил сирова моќ. Тој стои во основата на сето создавање и уништување. Истовремено, верувале дека нема строги граници помеѓу просторот и времето, силите на природата и живиот и неживиот свет. Со други зборови, дека сè зависи од сето останато, па и тоа колку ќе врне и колку ќе грми од однесувањето на луѓето. Да се разбере ова значи да се тргне пердето од очите кое некогаш ни го ставил Хуракан, кој секоја сезона на урагани потсетува на своето постоење. 

извор


 

9 октомври 2024 - 10:07