Bookbox

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Негативните очекувања можат да влијаат врз нашето здравје повеќе отколку што мислиме, па дури и да се пренесуваат, како да се заразни, од други луѓе. Податоците покажуваат дека ефектот на тн. ноцебо е во пораст, главно поради прекумерното информирање кај „доктор Четџипити“.

Букбокс гледанка: „Враќањето“ (2024)

Филм на Уберто Пазолини - адаптација на митот за Одисеј, но само делот со враќањето. Иако ова фокусирање на финалето најпрвин делува како добра идеја, кастрењето на нарацијата за таа да личи на разрешување на модерна брачна криза - без богови и киклопи - всушност се покажува како голема утка, дури и со прекрасните Ралф Фајнс и Жилиет Бинош во кадарот.

Букбокс гледаше: „Калеидоскоп“ (интерактивна серија)

Осум епизоди од акција-трилер со ограбување банка кои можете да ги гледате во редослед по свој избор. Навидум креативен начин да се надомести истрошеноста на многу пати користената приказна. Ама, контраинтуитивно, излегува дека она што требаше да помогне всушност одмага.

Јоко Шимoмура, жената што го отвори патот за композиторки во светот на гејмингот

Јапонската композиторка е првата авторка на музика за видеоигри која во април оваа година го доби престижното признание БАФТА фелоушип – еквивалент на награда за животно дело. Со тоа таа се приклучи на елитна група уметници како Алфред Хичкок, Стенли Кјубрик и Џон Бери. Ова признание е кулминација на 37-годишна кариера исполнета со иновации и безвременски мелодии за - видео игри.

Аспидистра - растението чија прилагодливост станала симбол на средната класа

Во Британија го имало во секоја респектабилна куќа, ставено во некој ќош колку да зазелени и често препуштено на милост и немилост, без некаква посебна грижа. Орвел го ставил дури и во наслов на негов роман, асоцирајќи на зачмаеноста и отпорноста на промени на средната класа, која иако без добри услови за живот си вели - „ќути, има и полошо“.

Букбокс читанка: „Илина и шумските тролови“ од Хана Корнети

Има најмалку две причини за изборот на оваа читанка. Првата е прилично очигледна и егоцентрична - името на главниот лик. Втората има врска со жанрот, барем формално книга за деца и млади од домашен автор, каква до сега, и по повеќе од 15 години постоење на рубриката, не сме имале. 

Што е тоа „корпоративна култура“?

Поимот е често користен, но прилично неодреден. „Економист“, во соработка со истражувачката и ВИ-фирма КалчрИкс, се обиде да го измери квалитетот на културата во 900 компании од 19 различни индустрии. Резултатите покажуваат дека иако често се опишува само како „добра“ или „лоша“, таа всушност се состои од многу различни аспекти. Впрочем како и секоја култура. 

Нештото што ВИ уште не го разбира - харизма

Најновите ВИ програми можат да глумат интерес, да поставуваат прашања и да прават да се чувствувате видено и разбрано. Но, тоа не е харизма. Харизмата не е симпатичност, туку создавање на визија со повисоко значење, што може да биде дури и одбивна или вознемирувачка за оние што не се дел од неа.

По 116 години прв пат жена на чело на МИ6

Британската тајна служба имаше директорка, „М“, уште во 1960-тите. Ама ова беше фиктивен лик од филмовите за Џејмс Бонд. Сега, после повеќе од сто години постоење на оваа организација, на нејзино чело доаѓа вистинска жена, по образование - антрополог.

Kинески филозоф објавува книга за моќта на манипулацијата - излегува дека тој не постои

Кога италијанскиот филозоф и есеист Андреа Коламедичи под псевдоним ја објавува „Хипнократија: Трамп, Маск и новата архитектура на реалноста“, неговата намера не е само да додаде уште едно дело на полицата со современа критичка литература, туку да отвори провокација за самото постоење на вистината во ерата на дигиталниот хаос. И ова му успева, на малку необичен начин.

Лувр остана затворен поради преморен персонал

Најпосетуваниот музеј во светот и симбол на уметноста, денес, 16.6., остана затворен. Не поради војна или терористичка закана, туку поради персоналот кој започна спонтан штрајк, предупредувајќи дека институцијата се распаѓа одвнатре.

На Блумсдеј: „Старата слатка љубовна песна“ од „Улис“ и нејзината симболика

Денес е Блумсдеј – денот кога светот му оддава почит на Џејмс Џојс и неговото ремек-дело „Улис“, роман што важи за еден од најголемите уметнички достигнувања на 20 век. Настаните во него се одвиваат во текот на еден единствен ден - 16 јуни 1904 година, во Даблин, а главниот лик е Леополд Блум, за кого една посебна, стара песна има големо значење.

Букбокс гледаше: „Како да - со Џон Вилсон“ (докусерија)

Да се опише она што го прави Џон Вилсон како „документаристика“ е недоволно поетично. „Мемоар“ е пренарцисоидно. „Автоетнографија“, преакадемски. Ова е всушност туторијал, како да се прават нештата за да се (пре)живее. 

Конечно официјално издадена хомоеротската збирка песни на Лорка

Во 1983 година, анонимно беше објавена мала црвена книшка со љубовни сонети на Федерико Гарсија Лорка, напишани пред неговото убиство во Шпанската граѓанска војна и чувани во тајност од страна на семејството речиси 50 години. Овие „Сонети на темната љубов“, исполнети со страст и болка, сведочат за интимната страна на Лорка што долго време била премолчувана. Сега е објавен факсимил од оригиналното „бутлег“ издание, оживувајќи едно од најсмелите и најтрогателни поглавја од шпанската книжевност.

Судскиот процес кој може да ја одреди иднината на битката ВИ наспроти авторски права

Во средата, долготрајниот спор меѓу Холивуд и индустријата за вештачка интелигенција се заостри, откако филмските гиганти Дизни и Јуниверзал поднесоа тужба против Мидџрни – една од најпознатите платформи за генерирање слики со помош на ВИ, за повреда на авторски права. 

Хуманитарните акции на јапонската мафија

 Јапонија доживеа тежок финансиски колапс во раните 1990. Овој настан доведе до пад на БДП, хаос на берзите, стагнација на платите и губење на глобалната предност на познати компании како Сони, Панасоник и Тојота, кои почнаа да заостануваат зад новите кинески и корејски конкуренти. Сето ова влијаело врз реакцијата на властите на големиот земјотрес од 1995, кога инаку озлоглосените јакузи стапуваат на хуманитарна сцена.

Холивуд пропаѓа, тоа не ми се допаѓа

Изминатата деценија беше исклучително тешка за Холивуд - и како индустрија и како место за живеење. Лос Анџелес се соочи со серија кризи, вклучувајќи пожари, штрајкови, пандемијата, падот на посетеноста на кино салите, како и подемот и падот на стримингот. Сето тоа доведе до криза на идентитетот. Денес многумина што работат во индустријата велат дека ЛА повеќе личи на пропаднат индустриски град отколку на гламурозниот центар на забавата што го знае(в)ме. 

Eла, ела Салмонела - од каде бактеријата го добила своето име?

Салмонелата е една од најчестите причини за труење со храна ширум светот. Иако името ѝ звучи како на англиски да има врска со лосос, тоа нема никаква врска со риба. Секоја година, оваа тврдоглава бактерија напаѓа милиони луѓе во светот, а ова е особено често лете, поради високите температури кои ѝ овозможуваат побрз развој. 

Кој ја измислил Коктата?

Првиот газиран сок во Југославија, Коктата била успешно промовирана во март 1953 година, за време на меѓународниот натпревар во ски скокови во Планица. Нејзиниот изумител не само што знаел хемија и технологија, туку и бил махер за маркетинг.

Таен агент, воен пилот и автор на бестселери - почина Фредерик Форсајт

Писателот кој ги претвори своите новинарски искуства и работата со британската тајна служба во светски бестселери, почина на 86-годишна возраст по кратко боледување.

Колку чести се истовремените пронајдоци?

Кога Александар Греам Бел поднел патент за телефон во 1876 година, за само неколку часа го претекнал својот конкурент Елиша Греј. Овој настан покренал долга правна битка што завршила во корист на Бел. Ваквите примери на истовремени пронајдоци се почести отколку што се мисли. 

Дали знаевте дека наградите Тони се всушност именувани по жена?

„Театарските Оскари“ или наградите Тони, кои се доделуваат во различни категории за изведбите на Бродвеј, постојат од 1947 година. Сепак, ретко кој се прашува по кого е именувана оваа награда. Всушност, „Тони“ е скратено од Антоанета Пери, жена чие дело оставило траен белег врз театарската уметност.

Сценскиот дизајн на првата бродвејска претстава што беше пренесувана во живо на телевизија

Вчера, 08.06., во Рејдио мјузик хол во Њујорк беа доделени наградите Тони во повеќе категории бродвејски театар. Помеѓу номинираните беше и сценограф кој веќе ја има добиено наградата, за хит претстава која истата таа вечер ја имаше својата последна изведба, а претходната беше пренесувана во живо на Си-ен-ен.

Букбокс читанка: „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит или сте чуле ли за византиска еротика?

Кога ќе се каже „Византија“ повеќето од нас замислуваат православни цркви и манастири, дворски сплетки и интриги, книжевност која главно се однесува на житија на светци, верски химни и проповеди. Секс и еротика? До појавувањето на ова дело, прв пат преведено на македонски, бевме убедени дека секс во Византија - немало.

На Дуовден: дали ВИ е виновна за смртта на авторот или само нè враќа во време кога тој не бил важен?

Кога некој текст е генериран од големи јазични модели како ЧетЏипити, Клод или Дипсик, сликата за тоа кој е „автор“ се замаглува. Технички гледано, алгоритамот го напишал текстот, но човек го иницирал, поставувајќи ги основните параметри. Во време пред писменоста, усното народно творештво немало познат автор и ова прашање воопшто и не било битно. Дали ова е враќање на тие времиња?

Сте чуле за „назогенитален рефлекс“?

Во февруари 1895 година во Виена, 30-годишната Ема Екштајн требала да биде подложена на хируршка интервенција. Се жалела на болки во стомакот и на тага, особено за време на менструација. Доктор Вилхелм Флис од Берлин, пријател и соработник на Сигмунд Фројд, предложил да ѝ се извадат коски од носот, верувајќи дека со тоа ќе ѝ се решат менструалните проблеми. Тој бил воден од идејата за назогенитален рефлекс — теорија дека постои силна поврзаност меѓу носот и гениталиите.