„Биодојч“ е скратена верзија од Biographisch-Deutche (биографски Германци), што би значело „чисти“ или „органски“ Германци. Овој термин е избран за нај не-збор на 2024, помеѓу 3172 јавни препораки за 655 различни зборови. Тој се однесува на германски граѓанин кој неодамна имигрирал во земјата.
„Наградата“, која може да се толкува како лингвистичка Златна малина, е воведена во 1991 од жири составено од лингвисти и новинари од Марбург. За да се кандидира, Унворт-от мора да исполнува најмалку еден од четирите критериуми: зборот да оди контра принципот на човечко достоинство, да е против принципите на демократија, да стигматизира, дискриминира или да шири говор на омраза кон специфични општествени групи или намерно да е збунувачки или еуфеминистичен. Со избор на ваквиот збор на годината, кампањата сака да ја зголеми свесноста за употребата на јавниот говор и да промовира суптилност (иако не и цензура).
Во текот на 2024 во Германија нашироко се дискутираа историските и современите шеми на миграција. Повеќе од една четвртина од германската популација е неодамна доселена, а голем број долгогодишни жители сега можат да станат граѓани, благодарение на новиот закон за двојно државјанство кој помина во јуни оваа година.
На второ место оваа година е Heizungsverbot (забрана за греење), кој се однесува на нов закон за енергетика. Тој предвидува дека од 2024 сите новоинсталирани системи за греење мора да работат на најмалку 65% обновлива енергија. Терминот е сепак збунувачки и води во погрешна насока, бидејќи законот не ги забранува на пример радијаторите и некои други извори на топлина. Трет е importierter Antisemitismus (увезен антисемитизам), кој стана популарен од 7 октомври со разгорувањето на израелско-палестинскиот конфликт. Тој сугерира дека омразата кон Евреите станал проблем со влезот на мигрантите од арапските земји. Користен е особено во десничарските кругови, за да ги маргинализира муслиманите и да го дефокусира вниманието од сопствениот антисемитизам.
Сите не-зборови на годината од 1991 тука.