Финтата на збунување на опонентот наречена „галопот на Гиш“

Ок, не е нашиот Гиш, туку американскиот биохемичар и истакнат член на креационистичкото движење, Дуејн Гиш. Бил познат по своите реторички способности кои ги применувал особено кога зборувал со еволутивни биолози. По него е наречена една говорничка техника.

Во 1994, американскиот антрополог Јуџин Керол Скот, активна опонентка на подучувањето креационизам и интелигентен дизајн во училиштата, го создала терминот „Гиш галоп“. Toj ja опишува реторичката техника со помош на која говорникот во дебата се обидува да го шашардиса опонентот со презентирање прекумерен број аргументи, без оглед на нивната коректност или сила.

Рафалноста на нивното испукување го оневозможува опонентот да изреагира на нив во определеното време, а уште помалку детално да ги демаскира. Оттаму, Гишовото галопирање дава приоритет на квантитетот на аргументите на штета на нивниот квалитет - главно станува збор за полувистини, погрешни информации или просто лаги, за чиешто отфрлање е потребно повеќе време отколку за нивно нафрлање. 

Ова е всушност нешто што обично се нарекува „го фати на кондиција“ - техниката му го троши времето на опонентот и најчесто фрла сенка врз неговата способност за дебатирање доколку дискусијата се води пред публика на која техниката не ѝ е позната, а има и ограничено знаење за темата. 

Разликата во напорот да се направи некакво тврдење и истото да се отфрли се нарекува Законот на Брандолини или неформално „принципот на булшит асиметрија“. Тој го тврди следното:

Количеството енергија да се отфрли срање е ред на величина поголемо од потребата истото да се произведе. Значи за некој да каже глупост се потребни десет секунди, истото по десет, потребни се најмалку сто за таа глупост да се негира. Е сега вие сметајте колку треба за некој што зборува со часови.

14 јануари 2025 - 19:52