На прозорците во Јапонија се поставени налепници - превртени рамнокраки триаголници во црвена боја, кои за повеќето странци се енигма. Тие всушност им укажуваат на пожарникарите каде е најпрактично да ги потпрат скалите или да влезат во итен случај. Јапонските градежни стандарди подразбираат поставување на ваквите ознаки без оглед дали станува збор за деловни или за приватни објекти.
Црвениот триаголник е видлив од надвор, а од внатре е бел (веројатно мислеле и на ова, да не боде постојано очи). Ваквите налепници се обврзни доколку зградата е пониска од 31 метар (максималната должина на пожарникарските скали), има три или повеќе катови без балкони и нема големи прозорци. Единствен исклучок се објекти кои имаат посебни лифтови за евакуација.
И тоа не е сè. Постоењето на ваков знак подразбира дека до, пред, зад него не смее да се поставува ништо што би го попречувало влезот на пожарникарите. Ни ред саксии, ни маса, ни онакво за пружање алишта, ништо. Казниво е и отстранувањето на знакчето (додуша тоа веројатно никому не му ни паѓа на памет).