Заради глобалната рецесија, кризата во Европа и општата немаштија во светот, Швеѓаните мораа да ја продолжат работната недела на (за нив) рекордни, цели две децении недостигнати, незамисливи - 26,2 работни часови неделно.
Несредените семејни односи, општиот стрес на живеењето и дебелината се трите главни причини што денес девојчињата влегуваат во пубертет 5 години порано отколку пред еден век.
Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.
Благодарение на нашите френдови од Метрополис радио и нивниот МВП Петар Ѓошев, пак имаме "право на прво читање", овојпат интервју со Ник Роудс од Дуран Дуран. Инџој Инџој.
Од серијалот "Како ЕУ се справува со кризата" имаме епизода поврзана со медиумите. Шпанија реши да ја поддржи медиумската сцена во земјата така што им дозволи да рекламираат проституција. ЗНМ засега без коментар.
На Саша Лошиќ од Плави оркестар (босански бенд кој има долготрајни фанови во Македонија) му биле потребни 25 години за да примети грешка во еден нивен суперхит, по што призна дека добар дел од неговите песни немаат баш некоја смисла.
Сите сме препишувале ама ова е просто глупаво: на приемен испит за факултет бил фатен со "хартивче" од десет и кусур метри на кои црепот, наместо да учи, сместил одговори на 25 илјади прашања.
Не месец, два или година, туку цели 25 години истражување покажа дека јаглехидратите (паста, леб, компир и сл.) не се толку големи душмани на вашата линија, како на што се животинските масти.
Роман Абрамовиќ ја губи титулата сопственик на надолгата јахта на светот откако од едно германско бродоградилиште за момент исплови едно недовршено пловно чудовиште вредно 600 милиони долари.
Во зависност од тоа кои луѓе ќе ги соберете од фирма, просечниот состанок ќе ве чини околу 500 долари, а од 40-часовна недела околу 20 до 30 часови се трошат на состанок, покажала една анализа од Силициумската Долина.
Исто како и со гатачите, постои неверојатна тенденција да им се верува и на „експертите", и покрај тоа што недостасуваат докази за нивната способност нешто да предвидат.
Даночните власти во Орегон неоправдано почастиле една девојка со 2,1 милион долари како поврат на данок. Одма се фрлила на шопинг. Додека ја фатиле, веќе потрошила 150.000 долари.
Најк ја објави нивната цена но не и точниот ден кога ќе ги пушти во продажба. Лудилото по патиките на Кање Вест достигнала цена од 80.000 долари за еден пар.
Заедно пораснале, се засакале, станале партнери и живееле среќно и весело. Одеднаш, нејќат да се видат. Добро, не може да се каже дека не пробале бидејќи бракот им траел 115 години.