Живот и забава

Кондоми за тие што нема да освојат Оскар

Во недела 24-ца од сите номинирани по некоја основа ќе добијат Оскар, секој од останатите ќе добие торба со подароци во вредност од 45.000 долари.

Како работењето во канцеларија го уништува вашето тело

Она што секој ден ве нервира во канцеларија, на долг рок ви се собира и само чека да удри. Ова се некои од најчестите канцелариски штеточини за вашето здравје.

Гугл Цирих во нови канцеларии

Канцелариите на Гугл во секое нивно издание се неверојатни места и без разлика за која канцеларија или претставништво зборуваме, тие секогаш изгледаат како да се правени за да бидат игротека за возрасни. Ова се новите канцеларии во Цирих и како и кај другите и кај овие главно прашање е - како луѓево воопшто завршуваат тука некоја работа?

Тајната на џемперите на Бил Козби

Бил Козби е познат по многу работи: како извонреден стендап комичар, селебрити и првенствено како алфа и омега на долготрајното Козби шоу кое царуваше на екраните цели 18 години. И уште нешто: како некој што секогаш носеше радикално дречави и неподносливо шарени џемпери. Тоа не интересира нас сега.

Содерберг - Руни Мара

Руни Мара е една од најпопуларните и најталентираните млади актерки на нејзината генерација, што и донесе и номинација за Оскар за хиперинтелигентната но психолошки „оштетена" хакерка Лизбет Саландер. На прагот на неговотo пензионирање, Стивен Содерберг, кој со неа го работеше новиот психолошки трилер „Нуспојави", ѝ прави интервју преку мејл. И двајцата без влакна на јазикот.

Големата порно студија

Анализата на профилите на 10.000 порно ѕвезди (на Internet Adult Film Database) покажа дека просечната порно ѕвезда воопшто не ни наликува на Џена Џејмисон, односно дека не е блондинка и нема огромни силикони. Еве друго што откри.

Како Оскарите ги собираат гласовите

Четврток е последниот ден за гласање за номинациите за Оскар и до тогаш сите членови на Академијата треба да ги имаат испратено своите гласачки ливчиња или да имаат гласано преку електронскиот систем.

И Галуп сит, и хомосексуалците на број

Иако вревата на ЛГБТ лобито некогаш е толку силна што изгледа дека нивните штитеници се минимум 50 посто од населението, реномираниот Галуп вели дека се 3,5 проценти. Оф корс,  човековите права важат и само еден на светот да е.

Американци си ги мерат среќите

И за Соединетите Американски Држави изгледа важи оној "што јужније то тужније" заклучок. Имаат луѓето "хедонометар" и можат да видат дури и на кој од терминалите на еден аеродром луѓето се најсреќни.

Слушнете нова песна од Хендрикс

На 4-ти март излегува албум со 12 досега неслушнати траки на Џими Хендрикс. Песните од 'People, Hell & Angels' се снимани меѓу 68-70-та, кога смртта на Хендрикс го мава својот решавачки акорд. Имаме една од песните кои одлежаа 40 години.

Тесла се штити од главата

Човек на Њујорк Тајмс напиша крајно неповолен приказ и рецензија по неговото пробно возење на популарниот електричен автомобил Тесла. Првиот човек на компанијата не остана должен.

Засакување со упорност

Ги занимало дали човек може да научи да ја сака музиката која не ја поднесува. И испаднало дека може, само што треба да е упорен. Сори Глориа Естефан, нашата волја е тенка.

Амазон махт фрај

Германските испостави на гигантот Амазон се наоѓаат среде голем скандал затоа што ангажирале Нео Наци служба за обезбедување која држела под страв околу 5.000 сезонски гастарбајтери.

Најголемите лаги околу исхраната

Делумно заради тоа што не знаеш, делумно заради здрав разум, делумно заради тоа што секој е експерт, делумно заради тоа што исхраната е прилично компликувана тема, меѓу луѓето постојат голем број лаги, митови и недоразбирања околу храната.

Мекфарлан најави "војна" против славните

Во интервјуата на една недела пред Оскарите, Сет Мекфарлан призна дека планот му е да ја сотре публика што вечерта ќе биде во салата. Не обичните луѓе, туку тие што имаат карти на партер.

Како да се преживее како соло музичар?

Сериозни истражувања покажуваат дека свирењето во група е еден од најдобрите начини да се остане подолго и на нозе и на сцена. Тогаш во што е тајната на Леонард Коен, Боб Дилан или Дејвид Боуви?

Љубовта трае 12 месеци

Она што човекот го чувствува како љубов, во мозокот се манифестира како раст на количеството на протеинот наречен NGF. Неговото дејство избледува после една година. По ова сте оставени сами на себе и тој што сте го одбрале.

Упатство за спонзоруши

Работата е да најдеш маж кој знае како да се грижи за жена која сака да биде размазена и некој да ја пази, а за возврат ќе добие жена која во кревет ќе знае како да го свитка како перек.

Тајните на Папата

Со исклучок на документите кои се појавија во јавноста во 2012. Ватикан до сега успеваше крајно вешто да го спречи излегувањето на информациите во јавност. Сега откако Бенедикт XVI. ги објави плановите за пензионирање, малку од малку почнаа да се надзираат причините за неговата одлука.

Поштено

Ресторан воведува нова политика, тие не се стегаат околу големината на порциите, ама затоа ако ти не ја изедеш цела порција ем ја плаќаш, ем оставаш донација.

Њујорк ќе мести Ен-Фа-Пен

Непрофитна организација прави студија во која добива дека Њујорк може да гo намали загадувањето за 90%, со тоа што ќе ги замени прозорците на зградите низ градот.

Статистика по повод заљубените

Центарот за контрола на болестите им го честиташе Денот на заљубените на сите Американци, објавувајќи ги најновите резултати според кои САД е дом на 110 милиони случаи на сексуално преносливи болести.

Џорџ Клуни за Валентајн

Ако за комплетирање на овој Валентајн ви недостасува само еден Џорџ Клуни, треба да сте во Лондон. И после да не оговарате по пријателки дека општиот маж од соништата бил некако восочен.

Како Руди Џулијани го закрпи Њујорк

Една ревизија по речиси 10 години од заминувањето на Џулијани од позицијата откри дека Њујорк ќе изгуби околу 350 милиони долари заради тоа што властите лошо испреговарале еден договор за недвижности.